Српскиот премиер Александар Вучиќ, кој денеска присуствува во Меморијалниот центар во Поточари на одбележувањето на масакрот во Сребреница од 1995 година, откако го положи венецот за жртвите, демонстранти започнаа да го исвиркуваат и да фрлаат со камења по него.
Според информации на новинската агенција Танјуг, Вучиќ бил погоден со камен во главата. Притоа неговите очила се распрснале. Закрилен од неговото обезбедување, а при излезот и од обезбедувањето на организаторот, Вучиќ морал да побегне од Меморијалниот центар.
Српскиот премиер, своето патување на комеморацијата во Сребреница го карактеризираше како гест на помирување.
На манифестацијата во малечкиот босански град, каде пред 20 години босанско-српските војници убија 8 илјади муслимански момчиња и мажи, учествуваат десетици илјади луѓе и бројни политичари од странство.




