Премиерот на Србија, Александар Вучиќ веднаш откако беше нападнат во Сребреница на комеморацијата, илезе на вонредна прес-конференција на која што рече дека нападот бил организиран.
– Предводев делегација на нашата земја на помен за невино настраданите жртви во Сребреница, замолем од организаторите да не зборувам на тој собир, и го почитував тоа, и бев срдечно пречекан од семејствата на загинатите. Цело време ја претставуваме нашата земја достоинствено, рече Вучиќ.
Тој вели и кога доаѓал наишол на неколку несакани ситуации но без поголеми проблеми.
– Кога излегувавме оттаму, група навивачи на еден фудбалски клуб од Србија почна да извикува погрдни зборови, а кога го положив венецот, сите почнаа да викаат, изјави тој.
Сепак како што вели, таа навивачка група не учествувала во нападот.
Српскиот премиер рече неговата подадена рака за примирје и понатаму останува, и покрај денешниот инцидент.
– Се работи за еден организиран напад, а тој што го организираше треба да се засрами. Ги повикувам Србите и останатите граѓани на нашата земја гордо да ги кренат главите, како што и јас денеска чекорев додека оддавав почит, никаде никогаш да не покажуваат омраза кон нашите комшии и пријатели од Босна, и никој да не крене рака врз нив, затоа што мораме да живееме заедно во иднина, повика Вучиќ, додавајќи дека доста било омраза и бес.
Бидејќи претходно беше повикуван да не оди во Сребреница поради безбедносни причини, Вучиќ пред новинарите одговори:
– Да, го прекршив предупредувањето, но ако не отидев ќе прашувавте зошто не сум бил, јас и главата да ја изгубев таму, според вас, пак ќе беше моја вина, одговори тој.
Министрите за надворешни и внатрешни работи на Србија, најостро го осудија нападот, потенцирајќи дека се работело за обид за атентат.
Српскиот премиер денеска при присуството во Меморијалниот центар во Поточари на одбележувањето на масакрот во Сребреница од 1995 година, откако го положи венецот за жртвите, беше исвиркуван и нападнат со камења.



