Српскиот премиер Александар Вучиќ во интервју за државната телевизија РТС изјави дека Србија нема да стане членка на НАТО и дека ќе остане воено неутрална.
– Нашата политка е дека ја сакаме Србија повеќе од се друго. Ги почитуваме Русија и Америка, но Србија нема да оди на ниту една страна. Одиме во Европа. Ја имаме нашата земја, народот и граѓаните, рече тој.
Притоа истакна дека Србија никој не ја повикал во НАТО, ниту дека Србија изразила желба да стане дел од Алијансата и дека затоа нема да има ни референдум за тоа.
Во врска со спогодбата со НАТО рече дека се работи за технички документ кој е препишан и е ист како и оној од 2006. година кој, како што рече го потпишале “големите родољупци кои сакале да ја вратат Србија во минатото“.
-Не направивме ништо лошо за земјата, рече Вучиќ додавајќи дека се работи за хистерична кампања која би требало да ја подели Србија на „големосрби“ кои ја сакаат Русија и оние другите кои ја мразат Русија и ја сакаат само Америка.




