Познатиот српски фудбалер, Јован Маркоски, е вујко на двете деца што во саботата ги удри струја во кадата додека нивната мајка ги капела, пишува српски kurir.rs.
Трагично настраданите сестрички имаа седум и пет години. Преживеа единствено најмалото дете кое во тој момент се наоѓало во дневната соба.
Маркоски, кој има македонско потекло, игра за Раднички Обреновац, а неколкупати настапувал и за репрезентацијата на Србија и Црна Гора.