Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 се засили за следната сезона со францускиот интернационалец, Жереми Тото.
Дваесет и деветгодишниот француски ракометар е кружен напаѓач, а доаѓа од полската екипа Висла Плоцк, со која настапи на Фајналфорот во Лига Европа.
Шампионот Вардар во новата сезона ќе го предводи повратникот на тренерската клупа Веселин Вујовиќ, кој во петокот официјално беше назначен за наследник Стевче Алушовски.