Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вујовиќ: Против Тунис ќе играме за нас и за Македонија

0
By Нова ТВ on January 17, 2017 СПОРТ
Фото: francehandball2017.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Веселин Вујовиќ важи за еден од омилените ликови во ракометните сали во Македонија, особено кај навивачите на Вардар чиј тренер беше во неколку години во минатото. Денеска ја предводеше Словенија до убедлив триумф против „црвено-жолтите“ на Светското првенство во Франција, а по мечот со порака што наидува на симпатии во овдешната јавност.

„Против Тунис ќе одиме на нова победа. Верувам дека ќе успееме да ја оствариме. Ќе играме за нас, но и за Македонија иако знам дека нема да биде лесно“, истакна ракометната легенда на поранешна Југославија.

Словенците одиграа одличен меч против Македонија и заслужено славеа. Доблесно и чесно го призна тоа и трофејниот Лино Червар.

„Добро почнавме, онака како што посакувавме. Презедовме контрола во раната фаза на средбата, бевме подобри и заслужено победивме. Презадоволен сум. По три меча имаме шест бода, но гладта за нови радост останува. Посакувам се најдобро на Македонија во двата следни натпревара“, додаде црногорскиот тренерски стручњак.

За денеска во групата Б се закажани два меча. Словенија против Тунис од 17,45 ч. и Ангола – Исланд од 20,45 ч. Четвртото коло се комплетира утревечер (20,45 ч.) со дуелот меѓу Македонија и Шпанија. Во случај на победа на Словенците попладнево, тогаш македонските репрезентативци ќе бидат и дефинитивно осминафиналисти на мундијалот во Франција.

Веселин Вујовиќ Македонија Словенија СП во ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.