Author: Blerina Tahiri
„Прашањата на довербата во институциите и довербата во медиумите се многу тесно поврзани. Во подигнување на севкупните стандарди во општеството, не само во поглед на борбата со дезинформациите, ние мора да бидеме заедно. Некои битки се заеднички за целото општество и затоа мора да имаме широк општествен консензус за теми кои не засегаат сите и кои го допираат секој граѓанин“- изјави заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на панел дискусијата организирана од Институтот за медиуми и аналитика, во чии рамки беше промовирана публикацијата: „Во(н) фокусот на медиумите: Демократски институции, владеење на правото и…
Во документот составен од израелското Министерство за разузнавање, како решение за Појасот Газа по соборувањето на Хамас, се препорачува преместување на цивилното население на египетскиот Синајски Полуостров, се наведува во копија од документот.
Само во Северно-источниот регион, најмалиот во земајва, Владата има потпишано вкупно 41 договори за финансиска помош за инвестиции во износ од над 600 милиони и 500 илјади денари, за што има исплатени над 152 милиони денари поддршка, изјави заменикот на претсетседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, при посетата на компанијата „БЕНТОН-НИ“ во Куманово.Вицепремиерот Битиќи во неговата изјава за медиумите, рече дека Владата и „Бентон-ни“ заедно пишуваат успешна економска историја за нашата земја, бидејќи е една од 919-те компании кои Владата ги има поддржано во нивните инвестициски циклуси…
Ризикот од ширење на војната меѓу Израел и Хамас во регионот на Блискиот Исток може да доведе до уште поголем пораст на цената на нафтата, која за три недели од таа војна се зголеми за шест отсто, и до поскапување на другите суровини, како и на земјоделските производи, соопшти денеска Светската банка.
Судењето против медицинската сестра од Клиниката за онкологија која е обвинета за проневера во службата со сомнение дека крадела цитостатици е одложено за 4 декември, информираат од Основен Кривичен суд Скопје.
Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајн од Скопје ја почна четиридневната турнеја низ земјите од Западен Балкан. Домаќини на првата станица во Македонија за високата евро-претставничка беа претседателот на државата Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски.
Враќањето на проширувањето на агендата на Европската Унија по создадениот геополитички и безбедносен контекст претставува извонреден повик за сите земји кои се стремат за европска интеграција. Во овој контекст, време е сите политички чинители да се обединат за европската агенда на Северна Македонија, како приоритетна агенда на сите чинители во државава, истакна шефот на дипломатијата Бујар Османи на денешната дискусија со граѓани насловена „Новите геополитички случувања и влијанието врз Северна Македонија“, организирана од Институтот за европска политика.
Во првиот дел од оваа анализа за глобалните геостратешки игри што ги наметнува и води Путиновата клика, се зборува за поврзаноста на конфликтот на Блискиот Исток и ефектите врз руската воена агресија против Украина. Украина е пресудно поглавје од глобалната – крвава и трагична игра – на рускиот деспот. Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА Хаосот, несигурноста, конфликтите и војните се секогаш добредојдени за Путин. Особено сега, кога неговите војски се длабоко вкопани во понижувачки одбранбени позиции на Крим и во тоа што им преостанува од окупираните територии во источниот дел на Украина. Дури и да немаше никаква врска со терористичкиот напад на Хамас,…
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење, покажуваат резултатите од анализите што ги изврши ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Вашингтон е „длабоко загрижен поради драматичното зголемување на антисемитските инциденти“, изјави специјалниот претставник на САД за следење и борба против антисемитизмот, Дебора Липстад, додека претставник на ЕУ изјави дека антисемитизмот е „длабоко вграден расизам во европското општество“.
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити утрово прими вакцина против сезонски грип на вакциналниот пункт за здравствени работници, кој е отворен во Институтот за јавно здравје. Вакцинацијата против сезонски грип се спроведува на територија на цела држава во центрите за јавно здравје и дел од здравствените домови во Скопје. Секој граѓанин може да се пријави на сајтот vakcinacija.mk и ќе добие СМС порака со ден, време и точно место каде може да дојде да се вакцинира против сезонски грип.
Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Има една општа дефиниција која е типична за сите автократи, поточно, булиевци и насилници: кога таквиот ќе заземе простор (посебно државата), потоа негови се и крајните корисници (покрај парите и инструментите на присила и закана!) – граѓаните и нивните домови. Не гледа „кутриот автократ“ што е тоа јавно, а што е тоа приватно – гледа на перверзен (во основа депресивен!) начин како нему му припаѓа сè. И како што ние во нашите домови се „разгаќуваме“ од спална соба до дневна и назад, така и тие се „разгаќуваат“ низ целиот државен посед. Секој има своја комфорна позиција: еден сака…














