Author: Blerina Tahiri
Во тек е вештачењето на двете парчиња огнено оружје, кои се најдени и се поврзуваат со двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Кога ќе заврши нивното вештачење, анализите ќе бидат доставени до Основното јавно обвинителство, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој одговараше на новинарски прашања по посетата на СВР-Куманово. -Сите тие информации, како и вештачењата ќе бидат доставени до јавното обвинителство, во моментот кога ќе бидат завршени, изјави Спасовски. Прашан дали може попрецизно да се лоцира и да се дадат детали каде било возилото на убиениот Панче Жежовски, а потоа со него е и…
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека земјава во текот на наредната година ќе се врати на нормалните години на стапките на инфлација и покрај тоа што, како што вели, ќе биде година на закрепнување од сите економски неприлики што се случија или што се случуваат веќе четири години од 2020 година. -Последниот податок укажува дека тенденцијата и трендот на намалување на инфлацијата веќе не носи таму кај што сме биле. Очекуваме следната година да бидеме на нивото од 2 – 2,5 отсто на инфлација и толкав ист годишен раст на БДП, рече Битиќи во одговор на новинарско прашање…
Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Овој текст е „инспириран“ од веста со наслов: „извесен претседател на мес(е)ниот комитет во охридско фатен со дрога и разрешен од функцијата“. И, ќе прашате, какви се моите впечатоци кога го прочитав ова соопштение, или може ќе прашате, што ѝ прават на мајка Македонија заколнатите патријархални верници на бракот, семејството и родот? Важи, одиме на „хартиска задача“.
Сандра Мичел, поранешна функционерка на ОБСЕ во Косово, 38-ми сведок, и денеска ќе сведочи за организациската структура на ОВК. Во Албанија, истрагите на Специјалното обвинителство за горилникот во Тирана, кои доведоа до издавање на 15 налози за апсење, открија низа неправилности во постапките што се следеа за доделување на концесијата на победничката компанија. Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес. КОСОВО Газета Блиц: Поранешната функционерка на ОБСЕ на Косово го продолжува сведочењето во Специјалното обвинителство Во Специјализираните совети на Косово (ДХСК) во Хаг денеска продолжува судењето…
„Граѓанскиот сектор е важен набљудувач на работата на секоја влада и затоа нивната улога е од големо значење за секој демократски систем. Односот на државата, односно на владините институции кон граѓанскиот сектор е одраз на демократската зрелост на едно општество. Ефикасни анти-корупциски мерки можеме да имаме само ако и граѓанскиот сектор е вклучен во нивното креирање, имплементација и контролата на нивното спроведување“, нагласи заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, синоќа на глобалниот Форум за граѓанско општество. Форумот, кој го обедини невладиниот сектор, но и претставници на влади од целиот свет, е во организација…
Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна, соопшти денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Министерски совет со учество на министрите за транспорт на земјите од Западен Балкан, Молдавија, Грузија и Украина ќе се одржи утре во Скопје, во организација на Министерството за транспорт и врски и Секретаријатот на Транспортната заедница. Ќе се дебатира за напредокот на земјите во делот на реализацијата на инфраструктурните проекти на главните коридори од ТЕН-Т мрежата (европски коридори), како и за напредокот на усогласување на транспортната политика со законодавството на Европската Унија. Најавено е присуство и на делегација од Европската Комисија предводена од Магда Копчинска, директор на Директоратот за транспорт на ЕК, како и на директорот на Транспортната заедница, Матеј…
Група од околу 70 затвореници, мнозинството од нив со потекло од Албанија, започнале штрајк со глад во затворот на грчкиот остров Крф, во знак на протест поради строгите критериуми за добивање дозвола за излез, но и поради условите во затворот, објавија медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Според државната телевизија ЕРТ, затворениците поднеле низа барања, меѓу кои и ублажување на строгите критериумите според кои се одлучува за дозволите и за условното пуштање, но и за прашања поврзани со вработување медицински персонал и социјален работник. ЕРТ објави и дека затвореник кој телефонски говорел за албанските медиуми, побарал да…
Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска ќе разговараат за можните следни чекори како одговор на кризата на Блискиот Исток, вклучително и прекин на финансиите на Хамас и забрана за патување на израелските доселеници одговорни за насилството на Западниот Брег.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе учествува на настанот на високо ниво за Одбележување на седумдесет и пет години од Универзалната декларација за човекови права, организиран од Обединетите Нации во Женева.
Основното јавно обвинителство Скопје известува дека донесе наредба за спроведување истражна постапка за возачот кој го возел првоосомничениот за убиството на младата Вања Ѓорчевска, Љупчо Палевски – Палчо, кој го превел од Србија до Турција. Како што информираат од ОЈО Скопје, во период од 01.12.2023 година до 03.12.2023 година осомничениот му помогнал на Палевски да не биде откриен за две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик, обезбедувајќи му превоз со автомобил.…
Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер денеска изјави дека постојат различни начини и во различни етапи за да се изрази незадоволството на лицата кои САД ги поместуваат на „црната листа“. Таа денеска за време на посета на Криволак одговараше за новинарски прашања во врска со најавите на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев дека ќе ја обжали одлуката на Стејт департментот, кој го стави на „црната листа“ поради значителна корупција. Таа повтори дека листата ќе се проширува со нови лица, но не кажа кога и со кого, нагласувајќи дека не може да предвиди што ќе одлучи Вашингтон.














