Author: Blerina Tahiri
На Меѓународната конференција за човекови права „Слобода или страв“ што денеска и утре се одржува во Кијив, Украина, свое обраќање имаше и Жанин ди Џовани, писателка, новинарка, воен дописник, извршен директор, ко-основач на The Reckoning Project.
Ременски за Глас на Америка: Групата на Палевски, неофицијално, имала списоци за изнуди и ликвидации
Таа група, според моите неофицијални информации, имала поголеми планови. Постоеле списоци за ликвидации, за изнуди. Списоци за заплашување, за киднапирања, вели професорката на Факултетот за безбедност, Фросина Ташевска Ременски, во разговор за Гласот на Америка.
Во рамки на Отворениот форум за антикорупција, кој се одржува во пресрет на Меѓународниот ден за борба против корупцијата, Центарот за граѓански комуникации организираше дискусија за состојбата со јавните набавки во Западен Балкан, на која учествуваше заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска. Истакнувајќи дека со јавните набавки се поврзани најголемите ризици за корупција, вицепремиерката Грковска посочи дека неопходно е да се изгради долгорочен и одржлив систем за превенција, којшто нема да трпи промена со секоја промена на власта. Таа посочи дека покрај добрата законска регулатива ни требаат и подготвени институции, кои ќе имаат…
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со пратеничката Даниела Колева денес се сретнаа со над 40 пензионери во Кавадарци и лично ги информираа пензионерите за поддршката предвидена со деветтиот пакет на антикризни мерки.
На Меѓународната конференција за човекови права „Слобода или страв“ што денеска и утре се одржува во Кијив, Украина, свое обраќање имаше и Роб Беренс, парламентарен омбудсман на Обединетото Кралство.
Рускиот агресор не го поштеди главниот град на Украина, ниту на денот кога во градот се наоѓаат голем број делегации од целиот свет, за да учествуваат на меѓународната конференција „Слобода или страв“. Во моментов нема извештаи за жртви или предизвикана штета.
На Меѓународната Конференција за човекови права „Слобода или страв“, по повод 75 години од усвојувањето на Универзалната декларација за човековите права, се обрати и народниот правобранител на Украина, Дмитро Лубинец. Украинскиот омбудсман Дмитро Лубинец зборуваше во контекст на загубите од руската агресија врз Украина најголеми жртви се децата. „Ако вратиме по едно дете на ден, ќе ни бидат потребни 55 години да ги вратиме сите деца што се киднапирани од окупираните делови на Украина“, истакна Лубинец. Преземено: Цивил Медиа
Во истрагата на Амнести интернешенел се тврди дека во два израелски воздушни напади во Газа во октомври, во кои се вели дека биле убиени 43 цивили, бил користен систем за наведување оружје произведен од САД. Според извештајот објавен во вторникот од организацијата за човекови права, во урнатините на уништените домови во населбата Деир ал-Балах во центарот на Газа, пронајдени се фрагменти од системот за водење на заеднички директен напад на муниција, произведен во САД. Израел користи широк спектар на американско оружје и муниција, но извештајот на Амнести е еден од првите обиди да се поврзе американско оружје со конкретен напад во кој загинаа значителен…
Со новиот Закон за помилување кој вчера беше разгледан и утврден на седница на Влада, претседателот на државата може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на определени лица, појаснуваат од Министерството за правда. При изготвување на законот, како што соопштија денеска од Министерството за правда, биле разгледани повеќе компаративни искуства како што се решенијата содржани во правните системи во државите членки на Европската унија и од оние држави со кои имаме слични правни системи. Од Министерството за правда велат дека причините за донесување на Законот за помилување произлегуваат од недостатоците и правните празнини во…
Во Кијив, Украина, денеска и утре се одржува Меѓународната Конференција за човекови права „Слобода или страв“, по повод 75 години од усвојувањето на Универзалната декларација за човековите права. „Ова е еден од најзначајните настани поврзани со 75 годишнината од донесувањето на Универзалната декларација за човекови права. Едно од најтешките воени злосторства е киднапирањето и депортирањето на илјадници деца. Оваа конференција е гласен потсетник дека руските агресори масовно го извршуваат токму ова злосторство”, изјави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, кој денеска и утре присуствува на Конференцијата за човекови права „Слобода или став“, во Кијив Украина. На конференцијата, како претставник од Северна…
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски присуствуваше на Конференција посветена на започнување на твининг проектот за подобрување на капацитетите и зголемување на безбедноста во цивилната авијација, во организација на Агенцијата за цивилно воздухопловство.
Во албанското собрание опозицијата и денеска го повтори сценариото на хаос, со превртвување столчиња и физички судир со Гардата на републиката. Интерпол распишал налог за апсење на санкционираниот од САД и Велика Британија, Милан Радоичиќ, организаторот на нападот на Бањска. Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот. АЛБАНИЈА Газета Шќип: Опозициските пратеници го започнаа сценариото за хаос со превртување на столчињата и физичко судирање со гардата, изгласан буџетот Пратениците од опозицијата денеска почнаа со своето сценарио на хаос, бидејќи се очекува член по член да се изгласа буџетот за 2024…















