Author: Blerina Tahiri
Украинската амбасадорка Лариса Дир, во објава на социјалните мрежи им се заблагодарува на претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала и заменик омбудсманот Јован Андоновски за нивното учество на Меѓународната конференција „Слобода или страв“ што се одржува во Кијив, Украина. Голема благодарност до @XhabirDeralla и Јoван Андоновски, кои учествуваат на Меѓународната конференција „Слобода или страв“, посветена на 75-тата годишнина од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права, што се одржува во Кијив на 7 декември.#StandWithUkraine pic.twitter.com/JoTaK1uopu — Larysa Dir (@dir_larysa) December 7, 2023 „Голема благодарност до Џабир Дерала и Јoван Андоновски, кои учествуваат на Меѓународната конференција „Слобода или страв“, посветена на 75-тата…
„ЕУ е најголемиот економски партнер на Северна Македонија. Ќе се фокусираме на усогласување на нашите трговски политики со ЕУ во рамките на Светската трговска организација и ќе продолжиме да ги имплементираме правилата на ЕУ за контрола на извозот со двојна употреба, инвестиции и инструменти за трговска одбрана во нашите национални, правни и институционални рамки“, изјави премиерот Димитар Ковачевски – на последната сесија за Кластер 6, на која заврши скринингот за поглавјето 30 за надворешни односи и поглавје 31 заедничка, надворешна и безбедносна политика. Димитар Ковачевски – Во изминативе 15 месеци во рамки на скринингот кој траеше речиси 100 работни денови,…
На вчерашната седница Владата, на предлог на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, ја усвои новата Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија, со Акциски план 2023-2026 година.
Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја почне амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2024 година, откако вчера заврши општиот претрес. По завршување на амандманската расправа, Предлог-буџетот треба да се најде на усвојување на пленарна седница. Согласно утврдените рокови, Буџетот за наредната година треба да биде усвоен во Собранието најдоцна до 31 декември. Предлог-буџетот за следната година тежи 5,5 милијарди евра. Владата го карактеризира како развоен и одржлив Буџет кој ги има сите карактеристики за истовремено да го поддржи развојот, но и да ја обезбеди фискалната одржливост. Со него, според Владата, се гарантира редовна исплата на платите, пензиите…
Хамас во рамки на долгорочните планови да го измамат Израел за неговите функционери да мислат дека терористичката организација не сака конфликт, обезбедува разузнавачки информации за уште една таква организација, палестинскиот Исламски џихад, пишува Вашингтон пост. Во извештајот, кој се повикува на неименуван израелски безбедносен функционер, се вели дека Хамас ги дава информациите за помала екстремистичка организација во Појасот Газа „за да го зајакне впечатокот дека е заинтересиран за соработка“. Таа, наводно, соработувала за време на конфликтот меѓу палестинскиот исламски џихад и израелската армија во мај. Хамас, кој владее со Појасот Газа, не се мешаше во конфликтот, а резултатот беше зголемена…
Пукањето во училиште во рускиот град Брајанск во близина на границата со Украина денеска заврши со две жртви, јавија руските медиуми, повикувајќи се на регионалната администрација на Министерството за внатрешни работи.
Имајќи ја предвид нашата посветеност и напорите да станеме полноправна членка на ЕУ, очекувам на Европскиот совет идната недела да добиеме препорака да продолжиме со втората Меѓувладина конференција, порача денеска вицепремиерот за европски прашање Бојан Маричиќ пред почетокот на билатералниот состанок со ЕК по „Поглавјето 31 – Заедничка надворешна и безбедносна политика“ од Кластерот 6, со чие затворање земјава го завршува скрининг процес со Унијата. – Со ова, секој следен чекор во процесот на пристапување на нашата земја во Европската Унија, како и динамиката на преговори, ќе зависи само од нас, од донесување на уставните измени. Се наоѓаме на…
Запленети биле 50.600 евра коишто патник на влез во државата на царинската испостава Аеродром Скопје, не ги пријавил кај царинските службеници. – Патникот кој патувал од Истанбул, на влез се определил да помине на зелен канал каде што поминуваат лица кои немаат ништо за пријавување. Царинските службеници го селектирале за преглед, при што во личниот багаж му биле пронајдени девизни средства во износ од 60.600 евра, појаснуваат од Кабинетот на директорот на Царинската управа. Согласно Законот за девизно работење, на патникот му биле вратени 10 илјади евра, а останатите со судска пресуда се одземени од лицето.
Четворица од обвинетите за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се членови на иста партија. Сите се сликаат и колнат под знамето на Вергина. И една од жртвите, Жежовски, е член на истата партија, која во еден миг се претвора во дружина која треба да заработува преку уцени на богати скопски семејства, претворајќи се во одвратни џелати. Сега сме во фаза на „хемиско чистење“, кога политичарите, а и новинарите ќе се обидуваат да го симнат од себе минатото поврзано со некогаш моќниот Љупчо Палевски. Пишува: ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Дали се сеќавате на оној говор со кој експремиерот Заев се прости од…
– Лидерите на земјите од Г7, на нивната синоќешна видеоконференциска средба, повикаа на „враќање на поширокиот мировен процес“ меѓу Израелците и Палестинците.
Постапката за екстрадација на Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски започна вчера, откако Министерството за правда побара од надлежните турски власти тој да биде задржан во притвор сѐ до завршување на постапката. Тој во вторникот беше уапсен во Турција, а останатите четворица осомничени, кои претходно беа приведени, веќе се во 30 дневен притвор. Во 48-часовен притвор е и возачот кој се сомничи дека му помогнал на Палевски да пребегне во Турција, а вчера на распит во полициска станица беше и адвокатот Васко Стојков, со кого Палевски замина во Белград. Малолетната Вања и велешанецот…
Републиканците во Сенатот ја блокираа помошта за Израел и Украина за време на гласањето синоќа, во протест на, како што тие сметаат, разлабавената безбедносна политика на границите на САД.















