Author: Marija Todorovska

Управата за финансика полиција поднесе кривични пријави против две службени лица од прилепската болница поради сомневање за сторени кривични дела проневера во службата, односно дека присвоиле парични средства од благајната, наплатени од пациентите по основ на партиципација и приватни здравствени услуги.

Read More

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска на собраниската говорница изјави дека до овој момент се обезбедени 30 милиони денари од страна на Владата за настраданите во Кочани, а досега се исплатени 11,2 милиони денари.

Read More

На денешното судење за случајот „Адитив“, сите обвинети изјавија дека не се чувствуваат виновни, додека, Обвинителството истакна дека има цврсти докази и дека ќе ја докаже вината. Во воведниот збор на судењето што се одржа во дигиталната судница при КПУ Идризово, Обвинителството нагласи дека покрај вината за кривичните дела, ќе ја докажат и институционалната распаднатост во АД ЕСМ.

Read More

Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците денеска на прес-конференција информираа дека пет месеци немаат добиено плата и се оставени без здравствено и пензиско осигурување. Тие бараат средба со премиерот, министерите за финансии и правда, како и со претседателот на Собранието, со цел да се реши ова прашање.

Read More
Фото: PIxabay

Трговскиот суд на САД пресуди дека претседателот Доналд Трамп ги пречекорил своите овластувања кога вовел генерални царини на увоз од американските трговски партнери, издавајќи трајна забрана со која веднаш се запираат царините и се бара одговор од владата во рок од 10 дена.

Read More
Фото: Pixabay

Шеесет европратеници од редовите на пет од осумте пратенички групи во Европскиот парламент, упатиле писмо до Европската комисија во кое бараат членови на Колеџот на комесари да бидат „видливо присутни“ на Парадата на гордоста во Будимпешта, што би требало да се одржи кон крајот на следниот месец.

Read More

Во 2024 година, во споредба со 2023, евидентирано е зголемување на бројот на пријавените полнолетни лица за 15.6 %, кај обвинетите полнолетни лица за 5.3 %, а на осудените за 3.5 %, соопшти Државбиот завод за статистика.

Read More
Фото: Freepik

Во првото тримесечје од 2025 година бројот на живородените деца е 3 526, и во споредба со истиот период од 2024 е намален за 2.9 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Read More

Горан Лефков: Нов осомничен за дискотеката Пулс, што за жал не го носи името Панче Тошковски. Уште чекаме Љупчо Коцевски да се охрабри и да го прибере Панче кај него и останатите министри за внатрешни пред него. Извор: Фејсбук

Read More

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и денеска и порача на скопската градоначалничка Данела Арсовска да се занимава со своите надлежности. Тој најави и пријава против неа за, како што рече, лажни тврдења во врска со објектот во Чаир пред кој се сликала и го објавила. Меџити овој случај го квалификува како „последен обид и план на Ахмети за дестабилизација преку општините“.

Read More

Најпростата математика кажува дека времето на отплата на 2 милијарди евра, не сметајќи ги каматите, изнесува од 83 до 143 години, додека заедно со каматите се приближува кон 200 години. Ниту буџетот со помош на прибраните даноци поврзани со железницата не може значително да го намали времето на отплата под 100 години. Дури и на лаик му е јасно дека еден проектот со време на отплата подолг од 30 години е непрофитабилен и губитен, слично како автопатиштата на Бехтел и Енка. Но, тоа не им пречи на претставниците од власта да продолжат да ја замајуваат јавноста.

Read More
Фото: Воена академија

Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ објави Конкурс за запишување питомци и студенти на прв циклус студии и Конкурс за запишување на студенти на втор циклус на студии во студиската 2025 /2026 година.

Read More