Author: Marija Todorovska

Женева: Огромен дел од глечер на швајцарските Алпи вчера се отцепи предизвикувајќи свлечиште од мраз, кал и карпи што го затрупа поголемиот дел од планинско село кое беше евакуирано поради ризик од одрон на карпи, соопштија локалните власти.

Read More

Повредените лица од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани со писмен допис до јавноста реагираат за кадровски промени во Општата болница со проширена дејност што ќе влијае врз анатмошниот нивен третман и лекување.

Read More

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов денеска на прес-конференција ја поздрави одлуката на судијката Даниела Димовска да го одржи судењето за случајот „Адитив“ во дигиталната судница во Идризово. Посочи дека станува збор за европска судница, која заслужува многу почесто да биде користена и испрати апел до сите судии да ја користат за поголеми случаи, вклучувајќи го случајот и со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Read More

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, вчера учествуваше на 18. конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји (форум „BCHOD“), која се одржа во Истанбул, Република Турција.

Read More
Фото: Википедија

Милијардерот Илон Маск соопшти дека ја напушта својата позиција во американската влада откако го водеше таканаречениот Оддел за владина ефикасност во контроверзен обид за намалување на федералните трошоци.

Read More

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, од собраниската говорница упати сериозни прашања до Владата и побара итна транспарентност за одредбите од договорот со Обединетото Кралство, со кој, како што рече, се отвораат можности за нетранспарентни зделки и заобиколување на Законот за јавни набавки.

Read More

Парламентарното мнозинство е стабилно, но можно е да се зголеми и да биде над 70 пратеници, изјави денеска претседателот на Собранието Африм Гаши на прес-конференција по повод една година од овој парламентарен состав. Се чисти сцената, додаде тој, и се знае како ќе продолжи со работа Собранието. 

Read More
Фото: Pixabay

На додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите, во 2024 година, дипломирале 7 021 студент, што претставува намалување за 5.4 % во споредба со 2023 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Read More