Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јакимовски со јавна поддршка за она што го прави градоначалничката Данела Арсовска

0
By Marija Todorovska on May 28, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 28, 2025 16:14

Јакимовски свика прес конференција за да даде јавна поддршка на она што го прави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Ние може нејзе да не ја сакаме, може да бидеме незадоволни од одредени нејзини постапки, меѓутоа овие активности кои таа во моментов ги презема не можеме ние као одговорни лица да не ги поддржиме,  истакна денеска пред новинарите Стевчо Јакимовски.

Практично таа документирано и покажа на целата македонска јавност, пред сите надлежни институции, она што веќе го знаат милион и осумстотини и шеесет илјади граѓани, каде во оваа држава се гради на „диво“, каде се узурпира градежно државно земјиште, каде се легализира колективно, деловно и индивидуално земјиште сé по едно евро и каде се злоупотребува законот за легализација на бесправно изградени објекти, посочи Јакимовски.

Тој, пред претставниците на медиумите ја изрази својата длабока загриженост од односот на премиерот Мицковски, како и од министрите Тошковски и Николовски.

Замислете, претседателот на Владата употребува еден многу интересен термин. Имено, тој вели: градоначалничката Арсовска нека постапува по дивоградбите. Меѓутоа, градоначалничката на Скопје нема никакви ингеренции да постапува по однос на дивоградбите. Веројатно премиерот добро знае дека таму треба да постапуваат истражните органи. А всушност самиот премиер кој во оваа држава се закануваше дека ќе не влече за уши, дека дури и брат да му е доколку е некој виновен – ќе одговара кривично. Овде имаат среќа луѓето што не му се браќа и очигледно дека тој никого не влече за уши, туку целиот македонски народ го влече за нос. Зошто? Затоа што овде исклучително тој и неговите институции имаат надлежност. Замислете, на локациите кои ги посочува тој е узурпирано градежно земјиште за коешто не е платено ниту денар а истото е во државна сопственост и тоа земјиште на само една локација чини 2 милиони евра. Не се платени ниту комуналиите кои чинат 1 милион евра. Не постои никаков урбанистички план ниту пак било каква градежна маркичка а замислете, министерот за „заеми“ господинот Николовски којшто е надлежен за оваа работа вели дека во општина Карпош нема да дозволува да се одобруваат урбанистички планови од причина што тука имало хаос, а замислете во Чаир имало ред и поредок?! , констатираше Јакимовски.

Тој објасни дека министерот за транспорт и врски е целосно отсутен и покрај тоа што овие случаи се исклучително негова надлежност.

 Да не зборувам пак за министерот за внатрешни работи, Тошковски кој му поднесе кривична пријава на градоначалникот на на Крива Паланка за урбана опрема. А овде каде што има стотици дивоградби и каде што државата се оштетува за милијарди евра, воопшто не се постапува и очигледно дека за нив законите се применуваат според нивни терк. Само во Карпош, во Крива Паланка, во Струмица и во општина Центар важат поинакви правила. Она што премиерот Мицковски го најавуваше за пресметка со ДУИ, очигледно дека тој се пресметува само со некои крила од таа партија, односно со тие што не се со него во власт и коалиција. И можете да ја замислите, таа нивна строгост и „правна“ држава ја гледаме само ние од Карпош. Имено, за овие бараки кои ги направила Општината која е сместена веќе 12 години, актуелната власт ќе носи одлука за конфискација на нешто што е направено во интерес на државата. Очигледно онаму каде што некој гради во интерес на сопствениот џеб и го краде народот и својата држава, истите се амнестирани. Во случајов претседателот на Владата лаконски ќе ви каже: градоначалничката на Скопје нека си постапува, а самиот тој ќе се заканува на сите останати кои работат според законот, додаде Јакимовски.

Градоначалникот на Карпош ја посочи непренципиелната политика на Власта, која не постапува според начелата на демократијата и има селективен пристап кон правдата.

 Премиерот Мицковски тренира строгост над оној кој продавал карти во Кочани и на сите нас што не сме дел од неговата коалиција, а сé останато нека биде хаотично во Македонија. Јас го кревам гласот затоа што нивната „правна држава“ сме ја осетиле на своја кожа, затоа што правото го прават не-право и бидејќи со своите постапки ги поттикнуваат криминалот и корупцијата. Мене ме зачудува односот на меѓународната јавност и нашите правосудни органи. Јас сум осуден на три ипол години затвор, замислете во завршниот збор обвинителот вели дека постапката што ја водела Општина Карпош била според законот. Нас не судат затоа што работиме по закон, а овие кои работат незаконски, каде што не плаќаат земјиште, комуналии, не постои урбанистички план, за нив никому – ништо! ,констатираше Јакимовски.

 

Арсовска поддршка Стевчо Јакимовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.