Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костадиновска-Стојчевска: Срамно е политички да се жигосуваат и дискфалификуваат колеги и уметници заради партиски профит

0
By Marija Todorovska on February 15, 2024 ИЗБОР, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 15, 2024 13:38
„Комисиите што ги утврдија проектите што добија финансиска поддршка во рамките на Годишната програма на Министерството за култира ја направија распределбата на средствата предвидени во секоја програма единствено врз основа на критериумите и мерилата за оцена на проектите се содржани во Годишните конкурси кои беа претходно и јавно објавени и им беа познати на сите апликанти. Тие критериуми се однесуваат однесуваат на креативноста, на иновативноста и на уникатноста проектите, на премиерни изведби, на поддршка и промоција на млади музички уметници, на проектите за афирмација и нега на традициите, како и на повеќе други соодветно на програмата“, рече министерката за култура на брифингот со новинарите.

Никогаш членовите на комисиите кои одлучуваа по програмите на годишниот конкурс за финансирање проекти во културата не биле јавно и транспаретнто објавени, а беа објавени кога заврши конкурсот за да не бидат изложени на влијанија и ургенции, информираше на брифинг со новинарите министерката за култура Бисета Костадинивска-Стојчевска.

„Ниту еден од овие критериуми нема партиски предзнак. Срамно е политички да се жигосуваат  и дискфалификуваат колеги и уметници заради партиски задачи. Тое не е во ред“, истакна Бисета Костадиновска-Стојчевска.

Оваа хајка против авторите и уметниците кои добија поддршка за своите проекти од Годишниот конкурс за проекти од културата предизвика само негативен ефект, како што посочи министерката за култура, бидејќи некои од нив веќе најавија дека ќе се откажат од реализацијата на нивните замисли заради недоличниот притисок на кој се изложени во јавноста.

Осврнувајќи се на поддршката на одредени фестивали дека не се доволно или, пак, премногу се поддржани, Костадиновска-Стојчевска потенцираше дека поддршката произлегува од самата апликација и од понудената содржина.

„Еден од критириумите за поддршка е одреден настан или манифестација да има долгогодишна традиција. Ќе напомнам дека досегашниот носител на манифестацијата „Рацинови средби“, Општина Велес, за првпат по 60 години не аплицира, туку делегира овластување на ново Здружение на граѓани кое во своето портфолио нема искуство од организација на ваков тип настани“, наведе министерката за култура за поддршката на ‘Рациновите средби’, истакнувајќи дека не е јасно зошто самите тие одлучиле да ја сведат традицијата на Општина Велес во организацијата на оваа манифестација на организација која нема такво искуство, што е дел критериумите на Министерството за поддршка на традиционалните вредности.

Како спротивен пример, Костадиновска-Стојчевска на брифингот нагласи дека таквата поддршка продолжува за многубројни значајни манифестации со повеќедецениска традиција,како што се „Струшки вечери на поезијата“, „Охридско лето“, „Илинденски денови“, театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“, „Скомрахи“, „10 дена Крушевска Република“, „Смилевски конгрес“ и други.

Во однос на поддршката на институции и автори од другите градови во државата, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска укажа на фактот дека оваа година е обезбеден поголем буџет, 50 милиони денари, со кој единиците на локалната самоуправа ќе реализираат значајни инфраструктурни проекти преку кои ќе се подобрат условите за остварување на културата во различни региони.

„Преку капиталните дотации за културата придонесуваме за рамномерен развој на општините, за развој на сите региони во државата, за инвестирање во културата која ќе ги поттикнува младите на креативност и творештво. Преку подобрување на условите за реализација на проекти од културата, помагаме за афирмација на културните вредности на секоја општина, со акцент за создавање интегриран простор за младите и поврзаност низ целата држава“, рече Костадиновска-Стојчевска.

На младите уметници од сите градови во земјата им овозможуваме еднаков пристап до финанасиските средства за поддршка на проекти од културата и тоа само врз основа на критериумите.

„Нема да им ги ускратиме можностите да создаваат во земјата. Јавното жигосување на уметници затоа што биле од Битола, или Тетово, Гостивар, Куманово… не е во ред“, потенцираше министерката за култура.

Во однос на неточните обвинувања дека со пари на граѓаните од Македонија се финансираат фестивали во Приштина или Тирана, Костадиновска-Стојчевска нагласи дека станува збор за поддршка на учество на наши театарски ансамбли во Албанија или Косово на фестивалот „Мојсиу“.

На брифингот со новинарите беа и претставници на овие театри кои потврдија дека средствата добиени од годишната програма се за нивното учество на фестивалите, а не за организаторите на тие манифестации.

Шкељзен Пајазити, претседател на фестивалот „Меридијани“, кој оваа година се одржува по осми пат и кој наместо 6 милиони денари доби 1,4 милиони денари, на брифингот рече дека тие како организатори нема да се откажат од организација на овој меѓународен фестивал кој трае 3 недели и на кој гостуваат театарски и балетски ансамбли, како и музички уметници и хорови од повеќе европски земји и од САД.

Преземено: Рацин.мк

Бисера Костадиновска - Стојчевска конкурс култура Рацин.мк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 5, 2026

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

ВЕСТИ June 5, 2026

Нон-пејпер – нов моментум за проширувањето, придонес во пресрет на претстојниот Самит ЕУ-Западен Балкан (5…

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

June 4, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.