Author: Marija Todorovska

Зоран БОЈАРОВСКИ / Рацин.мк Откако Владата го утврди текстот на Предлогот на Законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата, оваа наша природна убавина, препознаена и од УНЕСКО, е на чекор да го добие статусот на подрачје кое ќе биде заштитено според највисоки стандарди и критериуми.

Read More

„Убаво е кога слушате разногласие, со аргументирани ставови, но аргументите кои беа изнесени против Чебрен беа целосно погрешни. Дури одеа и на штета на интересите на државата“ рече рече енергетскиот експерт и прв претседател на Регулаторната комисија за енергетика, Славе Ивановски во „Студио 10“ на ТВ24.

Read More

Со новите начини и пристапи и вештини, фаворизирање на неформалното образование со сите вештини склопени, станувате поконкурентни на пазарот. Дел од мојата професија е советник за развој на кариера, професии на иднината, тренер за меки вештини, експертите велат дека се повеќе ни се потребни животни вештини кои ќе ни помогнат да живееме во новото современо општество, вели во гостувањето на „Слободен печат“ Катерина- Златановска Попова.

Read More

Трговскиот центар Ист Гејт Мол денеска продолжи со работа од 13:00 часот. Делот за брза храна ќе биде затворен за посетители и деловна дејност, информираа во соопштение од трговскиот центар,  по пожарот што избувна утрото на најгорниот кат, во делот на рестораните каде се подготвува храна.

Read More

Сите четворица, на 12 февруари, во близина на детско игралиште во населбата Нерези, со употреба на сила одзеле мобилен телефон од дете родено 2007 година. Оштетениот го пресретнале кај игралиштето и го нападнале, удирајќи го со раце и нозе по главата и телото, нанесувајќи му повреди во вид на нагмечување на главата од кои оштетеното дете изгубило свест. Потоа му го одзеле телефонот од џебот на јакната и избегале. За овие четири деца во судир со законот, кои се повторници во вршење и на други кривични дела, по предлог на јавниот обвинител, Судот определи мерка притвор, оценувајќи дека се исполнети…

Read More

За штетноста на дезинформациите, особено оние кои доаѓаат во земјава од надвор, „Полиграф“ разговараше со Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, организација која има интензивни активности за справување со дезинформациите и странските малигни влијанија.

Read More

Холандското органско какао „Cacao powder raw“ и чипсот „ВИПА Грил“ се повлечени како небезбедни, информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Какаото не било пуштено во продажба, ниту дистрибуирано до крајните потрошувачи, но во него е утврдена количина на кадмиум над дозволената, додека чипсот бил достапен на пазарот и во него е детектирано присуство на акриламид. 

Read More
ОЈО

Како што соопшти ЈОРМ, двете малолетнички, на 9 февруари, на улицата „Мирослав Крлежа“ во Скопје, ја загрозиле сигурноста на друго девојче, вршејќи грубо насилство кон оштетената. Девојчињата најпрвин разговарале и започнале да се расправаат, по што двете ја фатиле оштетената и ја собориле на земја, па ја удирале со тупаници и клоци додека не ги раздвоил сведок на настанот. Со ова предизвикале телесни повреди кај девојчето, како и чувство на вознемиреност во јавноста.

Read More

Движењето Антикоцкање испрати писмо до претседателот Стево Пендаровски со забелешка дека се разочарани од непотпишување на указот за прогласување на измените во законот за игри на среќа. Воедно според Антикоцкање, со оваа одлука, како што оценуваат, „Пендаровски штити криминал“.

Read More