Author: Marija Todorovska
„Граѓаните остануваат обесправени заради неорганизираноста на државата навремено да ги исполни обврските преземени со Договорот од Преспа и да организира издавање документи со новото уставно име. Ова ги погодува сите граѓани кои немаат нови патни исправи, а особено оние чии документи се издавани на стари обрасци во периодот од 2019 до 2022 година“,стои во соопштението од Хелсиншки комитет за човекови права. „Сакаме да потенцираме дека и покрај тоа што на 12 февруари беа изгласани измени на Законот за безбедност во сообраќајот со што се продолжи важноста на возачките и сообраќајните дозволи, измените на Законот за патни исправи воопшто не беа…
Како што и досега странци истакнувале поддршка за политичари во Северна Македонија, тоа не е проблем да го прави и косовскиот премиер Албин Курти, изјави денеска претседателот на државата Стево Пендаровски, додавајќи оти партии од Европа и досега давале поддршка на идеолошките блиските партии во Македонија.
Во ООУ„Тодор Јанев“ во Чашка од утрово продолжи наставата и 178 ученици од прво до деветто одделение се во клупите, по прекинот и бојкотот на наставата од страна на нивните родители од 23 ноември лани, поради формирање на паралелка на албански наставен јазик.
Тројца цивили загинаа, а 12 други се повредени во руските ноќни напади во Селидове во областа Донецк, објави Градскиот совет на Селидове на Фејсбук, пренесува Укринформ.
Во пресрет на посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Албанија, Заменик-помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Јури Ким посочи дека неговата посета ќе биде фокусирана на иднината на Албанија, иднината на Западен Балкан и на Европа“, пишуваат албанските медиуми.
– Претседателот на техничката Влада Талат Џафери, денеска во Брисел оствари средба со европратениците Илхан Ќучук, Тонино Пицула, Тинеке Стрик и Карло Реслер. Во владината делегација, што ја предводи Џафери, се и првиот заменик на претседателот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Состанокот на лидерите на Западен Балкан, што ќе се одржи во Тирана на 28 и 29 февруари, се очекува, покрај реафирмирањето на евроатлантската политика, уште еднаш да ја потврди силната поддршка на земјите од Западниот Балканот кон Украина во војната против руската агресија.
Џабир Дерала: „Човечните“ луѓе се тие од кои се плашам, не од роботите со автономна интелигенција. Линк
Извор: Policia e Shtetit
Во две одделени акции албанската полиција уапсила три лица при обид за шверц на дрога и оружје за Северна Македонија.
Пожар избувнал утрово во трговскиот центар Ист Гејт во Скопје на најгорниот кат, во делот на рестораните каде се подготвува храна, а противпожарните екипи се уште се на терен. Нема повредени, само има материјална штета.
Дијалози меѓу Џабир Дерала и Валентин Нешовски Хуманоидните роботи се веќе тука, свесни се за околината. Ќе бидат ли свесни и за своето постоење? Еден робот заштедува 250.000 долари на фабричката лента, но не знае дали е сопственост или е активен учесник. За 20 години ќе има една милијарда хуманоидни роботи во светот. Индустрија вредна трилиони долари. Ова продолжение од Дијалозите е објавено на 14 февруари, Св. Валентин, познат и како Денот на вљубените. Го посветуваме на роботите и љубовта. Се движиме на работ меѓу опсервацијата и перцепцијата, интуицијата и резонирањето, свесноста и когнитивноста.















