Author: Marija Todorovska

„Контекстот во кој се одвива предизборната кампања содржи низа непознаници во поглед на ветувањата и барањата на одделни политички партии. Сепак, сметам дека уште сега се издвојува опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Оваа партија, впрочем, од основањето па до денес, консеквентно, да не речам – тврдоглаво и упорно, истрајува во своевиден антиалбански дискурс и тоа главно во пресрет на избори во земјава“, изјави долгогодишниот новинар и политички аналитичар Сељадин Џезаири, коментирајќи ја реториката и политичките актуелности во земјава во пресрет на изборната кампања за двојните претседателски и парламентарни избори.

Read More

Претседателот на Независниот синдикат на професионални војници (НСПВ) Александар Насковски денеска на прес-конференција информираше дека лицето Зоран Павловски, кој го изманипулирал Министерството за одбрана и лажно се претставувал како претседател на Синдикатот е избришан од функцијата претседател во тековната состојба на НСПВ.

Read More

 Протокот на возила на сите гранични премини на Република Северна Македонија со соседните држави се одвива нормално, без застој. Од полноќ возилата се пропуштаат според одредбата од Договорот од Преспа, со која престанаа да важат патните исправи и документи за меѓународна употреба, што го содржат името на државата Република Македонија.

Read More

Поттикнат од се поголемиот број дезинформации кои се споделуваат на социјалните мрежи, Илијанчо Гаговски на својот Фејсбук профил, во пост со наслов „ За моќта на будалаштините“ пишува за една таква појава откакоа деновиве вниманието му го привлекол пост на социјалната мрежа на некој фб-пријател, чија содржина Гаговски ја оквалификува како дезинформација и истата ја дебанкира.

Read More

Општина Крива Паланка ќе биде организатор на манифестацијата „Град на културата“ во 2024 година, одлучи комисијата по распишаниот конкурс на Министерството за култура, кој беше објавен на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk. На конкурсот, апликација достави и Општина Велес.

Read More

Претседателот на Собранието Јован Митрески утре ќе ги распише и претседателските и парламентарните избори. Според договорот на политичките партии, седмите претседателски избори ќе се одржат на 24 април 2024 година, додека на 8 мај 2024 година ќе се одржат единаесетите парламентарни избори, којшто овој пат ќе бидат редовни.

Read More

На седница на Владата денеска ќе биде предложено решение со кое ќе се овозможи замената на возачките и сообраќајните дозволи да биде бесплатна до крај на годината, најави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.

Read More

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) ја реализира исплатата на директните плаќања од програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2024 година за обележани женски грла говеда, обележани грла овци и обележани грла кози.

Read More