Author: Marija Todorovska
Дадени се препораки од страна на Комисијата за заразни болести пред се за можност да се имунизираат оние дечиња коишто во редовниот календар на вакцинација не се имаат имунизирано против голема кашница. Имено, пунктовите во здравствените домови работат со продолжено работно време. Ова го изјави денеска заменик министерката за здравство во техничката Влада, Маја Манолева, одговарајќи на новинарски прашања.
Митрески: Попладнево ќе свикам итна собраниска седница за да се реши проблемот со возачките дозволи
Претседателот на Собранието Јован Митрески попладнево ќе свика итна собраниска седница на која треба да се донесат измени на Законот за безбедност на сообраќајот и на други закони коишто ќе се однесуваат на важноста на возачките дозволи, со досегашното име. Претседателот на Собранието Митрески истакна дека претпладнето имал средби со координаторите на пратеничките групи, со министрите и со премиерот на техничката Влада Талат Џафери.
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УКЛО) – Битола на последното рангирање на Вебометрикс, светски призната ранг-листа на универзитети, забележа скок од 1.137 места на светско ново.
Билатералните односи и соработката меѓу двете држави, како и за актуелните случувања и предизвици во регионот, при што соговорниците изразија задоволство од развојот на севкупните односи, кои ги карактеризира пријателство, меѓусебна доверба и цврсто партнерство, биле темите на кои денеска на средба разговарале претседателот на државата Стево Пендаровски и мбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон. Како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, на средбата биле разменети и мислења и информации за актуелните прашања поврзани со интеграцијата на нашата земја во Европската Унија, за соработката и делувањето на двете држави во рамки на НАТО Алијансата,…
Во декември 2023 година се издадени 293 одобренија за градење, што е за 4.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.
Во земјава лани се евидентирани вкупно 1.168.730 туристи, од кои 434.598 биле домашни, а 734.139 странски туристи. Во однос на 2022 година, бројот на туристите е зголемен за 20.6 %, и тоа кај домашните за 0.6 %, а кај странските за 36.6 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
„Вчера имавме изјава во којашто техничкиот министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Единственото нешто што сака да го направи ВМРО-ДПМНЕ е да создаде хаос во државата, односно врз основа на измените на законот да презентира дека возачките нема да важат, што е делумно точно. Возачките коишто се издадени после 1 јули 2021 година кога влегува на сила овој закон, не подлежат на овој закон. Не само што тоа е начинот на работа, заплашување и казнување на граѓаните. Тие во 2017 година одеа со паролата „Никогаш Северна“, но со самото доаѓање на министерот од редови на ВМРО-ДПМНЕ како технички министер, први започнаа…
Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов со нетрпение ја чека изградбата на фотоволтаичниот парк „Стипион“ во Штип, но лидерот на неговата партија, Христијан Мицкоски е против се што значи напредок и развој во државата, пишува „24 инфо“.
На светските берзи минатата недела цената на нафтата порасна за повеќе од шест отсто, бидејќи ситуацијата на Блискиот Исток не се смирува.
Косово во текот на 2023 година издало над 3.600 работни дозволи за странски државјани, од кои 211 за државјани на Северна Македонија. Косовскиот Институт за напредни студии – ГАП објави дека минатата година се издадени вкупно 3.646 работни дозволи за странски државјани, што е за 667, или 22,4 отсто повеќе во однос на 2022 година. Според статистиката што ја објави овој Институт, според земјите на потекло на граѓаните кои добиле работни дозволи во Косово во текот на изминатата година, предничат Турција, од каде што дошле 1.004 државјани, и Бангладеш, чии 722 државјани добиле работна дозвола. Следат 465 српски државјани и…
Косовскиот премиер Албин Курти соопшти дека неговата влада нема да се меша во одлуката на Централната банка на Косово (ЦБК) за забрана на динарот, но дека одлуката нема да биде поништена.















