Author: Marija Todorovska

– НАТО не може да зависи од расположението на американскиот претседател, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел одговарајќи на новинарско прашање поврзано со изјавите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Read More

Собранието денеска треба да ја продолжи 143. седница на чиј дневен ред, меѓу другото е и изборот на нови министри за здравство и за информатичко општество и администрација.

Read More

„Неприфатливо е македонските граѓани кои се веќе изложени на сопствен трошок да менуваат документи, да бидат ставени во состојба на паника и страв дали ќе бидат казнувани при нивното учество во сообраќајот. Барам од парламентарните политички партии веднаш да донесат измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и соодветните норми во други закони што ја регулираат оваа област за да им се овозможи на граѓаните да им важат возачките дозволи и возачките книшки на сите возачи кои учествуваат во сообраќајот на територијата на државата, а чиј рок на важење не е истечен сметано од нивното издавање“, вели претседателот…

Read More

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) преку буџетот во рамки на Програмата за инвестирање во животната средина за 2024 година,  првпат обезбедува директна финансиска поддршка за сите четири национaлни парка во висина од 20.000.000 денари, најави министерката Каја Шукова на денешниот работен состанок со директорите на националните паркови.

Read More

ЦИВИЛ дојде до информации дека новоназначениот технички министер за внатрешни работи, за само неколку дена го зголеми обемот на својот кабинет за повеќе од два и пол пати. Тој во својот мега кабинет распоредува 16 вработени во министерството и дополнително ангажира две лица од надвор, односно вкупно 18 лица, стои во извештајот за изборниот мониторинг на ЦИВИЛ.

Read More

Според законот, не може да има два опозициски субјекта во состав на Владата и тоа е основната причина зошто е предложено разрешувањето на министрите за здравство и за информатичко општество и администрација, Фатмир Меџити и Азир Алиу. Воопшто не станува збор за нивната стручност и професионалност кон што имам исклучителна почит, рече денеска техничкиот премиер Талат Џафери пред пратениците, образложувајќи го поднесеното барање за разрешување на овие двајца министри од Алијанса за Албанците (АА).

Read More

УНИЦЕФ: Ги повикуваме родителите и старателите: обезбедете им на своите деца онаква заштита каква што вашите родители обезбедиле за вас во минатото. Имате моќ да го заштитите своето дете, другите деца и заедницата од болести што може да се спречат со вакцини што се докажано безбедни и високо ефикасни. Линк

Read More

 УНИЦЕФ изразува загриженост од растечкиот број случаи со голема кашлица во земјата и од вестите за случаи со мали сипаници во регионот и се придружува кон повикот на здравствените експерти до родителите и старателите да ги вакцинираат децата што пропуштиле вакцинација.

Read More