Author: Marija Todorovska
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика сите замрзнати руски средства да бидат префрлени во неговата земја, каде се води војна по руската инвазија од пред речиси две години, јави ДПА.
„Парламентарните избори на 8 мај – ќе бидат битка меѓу ‘херојското’ минато, митовите… и една поинаква – европска иднина“.
Универзитетската Клиника за детски болести доби донација во компјутери од Амбасадата на Суверениот воен ред на Малта во Република Северна Македонија. Донацијата на опремата вчера во просториите на Клиниката ја предаде амбасадорот на Суверениот воен ред на Малта во земјава Франческо Саверио Џуисти, во присуство на проф. д-р Констандина Кузевска Манева и д-р супспецијалист Весна Мицевска.
Советот на Европа излезе со критики за преоптовареноста на системот за притвор во Албанија. Според официјалната статистика, популацијата во притвор е висока веќе две децении и денес е околу 30% над европскиот просек, пишуваат албанските медиуми.
Најголемиот дел од материјалните средства на ЈП за државни патишта или 46% од нив (55.048.838 илјади денари), се материјални средства во подготовка, кои се однесуваат на изработка на проектни документации, извршени експропријации, изградби, реконструкција и рехабилитација на државните патишта и нивен надзор. За дел од овие средства се утврди недостаток на системски и аналитичен пристап и недоволна подготвеност при планирање, проектирање, градење и реконструкција на патни делници низ државата, што предизвикало зголемување на вредноста на склучените договори и пролонгирање на рокот за изградба/реконструкција на делниците, покажале резултатите од ревизијата на финансиските извештаи заедно со ревизијата на усогласеност на ЈП за…
Кога е потребна поддршка, Европа реагира. Не само за нејзините земји членки, туку и за нејзините соседи. ЕУСФ се залага за солидарност со земјите и луѓето Линк
Вашето јавно ветување дека нема да го потпишете указот за стапување во сила на овие законски измени ни дава надеж дека човештината е сеуште посилна од интересот. Државниот завод за статистика неодамна излезе со поразителен податок дека 12 илјади луѓе годишно се иселуваат од Македонија. Ако потпишете, ние сакале или не’ заедно со своите семејства стануваме 35 илјади нови кандидати за иселеници. Линк
По вчерашното гласање за измени на Законот за игри на среќа од Здружението на вработени во секторот игри на среќа испратија отворено писмо на „Сакам да работам“ до претседателот Стево Пендаровски:
Врховното народно собрание на Северна Кореја гласаше за прекин на сите договори со Јужна Кореја за унапредување на економската соработка, објави официјалната Корејска Централна телеграфска агенција (KCTA). Ова се случува во услови на континуирано брзо влошување на односите меѓу двете Кореи.
Во близина на село Крупиште, општина Карбинци, синоќа околу 20.30 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги со полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Г.Т.(38) од село Долни Балван, општина Карбинци.
Европската комисија и Турција потпишаа договор со кој преку Фондот за солидарност на Европската Унија (ЕУСФ) на Анкара ќе и биде доделен грант во износ од 400 милиони евра наменети за финансирање на проекти за обнова и санација по катастрофалните земјотреси што ја погодија земјата на почетокот на минатата година.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 6 часот и 32 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 130 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML3.6.















