Author: Marija Todorovska
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на јавната расправа за Предлог-законот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот Регион, која се одржа во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“, рече дека се дискутира за значајно законско решение кое ќе има придонес врз зачување на статусот на светското наследство на Охридскиот Регион.
Со оглед на последните бројки, 18 потврдени случаи со голема кашлица и имајќи предвид дека во изминатите денови овој број расте, особено на територија на град Скопје каде што се потврдени 14 случаи, се одлучивме да предложиме да препорачаме прогласување на епидемија за град Скопје, изјави денеска на прес-конференција претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски.
Грчката полиција уапсила 35-годишен маж, кој злоупотребувал и малтретирал лица со инвалидитети и попреченост и сето тоа го пренесувал во живо на социјална мрежа, додека пак гледачите од него барале да врши конкретни дела како физички повреди, сексуални дејства и слично насилство за што плаќале одреден износ.
Папата Франциск денеска изјави дека е „лицемерно да се биде шокиран“ од неодамнешната одлука на Католичката црква која одобри благослов за истополовите парови.
Штрајкот во Фондот за здравствено осигурување се става во мирување, соопшти Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ).
Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска на новинарско прашање во врска со актуелните случувања во Алијансата за Албанците посочи дека не може да коментира прашања кои се поврзани со внатрешна политика, ниту пак за случувањата во самите политичките партии.
Властите во Зимбабве одлучија да ја укинат смртната казна по неколкумесечна дебата во парламентот, и наместо тоа се определија за долги затворски казни за најтешките дела.
Утрото на 7 февруари Русија изврши уште еден масивен ракетен напад врз Украина. Силите за противвоздушна одбрана дејствуваа во Кијив и други градови во Украина. Спасувачките екипи се упатуваат кон квартот Холосивски во Кијив каде што една станбена зграда се запали поради руски ракетен напад, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, во објава на апликацијата за пораки Телеграм, пренесува Укринформ. „Единица за спасување од пожари се упатува кон квартот Холосивски каде, според прелиминарните информации, една зграда се запалила“, рече тој. Подоцна, Кличко додаде дека пожарот избувнал во станбена зграда во областа Холосивски. Тој исто така објави дека најмалку шест лица…
Додека се бори против агресорот, Украина во исто време и се обновува, при што нејзините деминери преземаат исклучително опасната, но суштинска задача, за да ја исчистат ослободената територија од смртоносните мини што зад себе ги оставија руските агресори, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во Киев на церемонијата на предавање на системот за расчистување мини ДОК-ИНГ МВ-10, кој е донација од Унијата за Украина.
Техничката влада кај нас е светски феномен, што не постои никаде во свет и сметам дека би бил уште еден светски феномен влада што е задолжена за да организира избори успее да падне, изјави лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски, нагласувајќи дека според него тоа нема да се случи и дека техничката влада ќе успее да организира фер и демократски избори.
Централниот кривичен суд во Лондон, познат и како Олд Бејли, денеска е евакуиран откако избувна пожар во судницата, јави Би-Би-Си.















