Author: Marija Todorovska

Техничкиот премиер Талат Џафери доставил допис до претседателот на Собранието Јован Митрески, во којшто, согласно член 94, став 2 од Уставот на Република Северна Македонија, предлага Собранието, на првата наредна седница, да ги разреши: Фатмир Меџити, од функцијата министер за здравство и Азир Алиу, од функцијата министер за информатичко општество и администрација, соопшти владината прес-служба.

Read More

Економските експерти се загрижени за ризикот од рецесија во европските земји до крајот на 2024 година, покажуваат резултатите од кварталното истражување на економските експерти (ЕЕС) објавено денеска од Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен и Швајцарскиот институт за економска политика.

Read More

Десет компјутери и исто толку печатачи му донираше Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)  на Уставниот суд. Како што рече претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, заблагодарувајќи се за донацијата, компјутерите ќе помогнат за поажурно работење на судиите и советниците.

Read More

Легитимен претседател на Алијанса за Албанците е Арбен Таравари и партијата има легитимно Собрание, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, кој се соочува со разрешување по поделбите во Алијансата за Албанците. Меџити ги обвини ДУИ за опструкции на неговата работа.

Read More

Дводневната работна посета на Република Турција, министерот за правда во техничката Влада, Кренар Лога ја започна со средба со претседателот на Врховниот касационен суд на Република Турција, Мехмед Акарча и Врховниот јавен обвинител, Бекир Шахан.

Read More

Ние како пратеници дадовме зелено светло за функционирање на техничката влада, со цел да не ги блокираме состојбите во државата и да не се остави дамка на изборниот процес, рече пратеничката и лидерка на Либерално демократската партија Моника Зајкова.

Read More

Пратеничката група на СДСМ ќе гласа согласно предлогот на Владата во однос на кадровски промени од редовите на Алијанса за Албанците и врз основа на ставот којшто ќе го имаат и пратениците на АА.

Read More

Предизборното дезинформирање почна. Нити Таравари се сретна со Мицкоски, нити Зијадин Села ќе се приклучи на Европскиот фронт заедно со ДУИ, нити Талат Џафери славеше во Форинo со песна за Чамерија, Илирида и Косово. Линк

Read More

Предизборното дезинформирање почна. Нити Таравари се сретна со Мицкоски, нити Зијадин Села ќе се приклучи на Европскиот фронт заедно со ДУИ, нити Талат Џафери славеше во Форинo со песна за Чамерија, Илирида и Косово Дезинформациите се отворена фронтална закана за кредибилитетот на медиумите, слободата на изразувањето и кревката демократија во нашата земја Не треба да споделуваме медиумски содржини на социјалните мрежи без скептицизам. Да не го јадеме сапунот како сирење! СЕФЕР ТАХИРИ  / Цивил Медиа Северна Македонија е во предизборна кампања, иако официјално таа не е започната. Партиите веќе интензивно ги запалија пропагандистичките мотори, во кои како инструмент за убедување…

Read More

Пораките од работната посета во САД и измените на Законот за рестриктивни мерки беа централна тема во синоќешното интервју на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на телевизија Шења.

Read More

Во спроведената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден се санкционирани 196 возачи, соопштија денеска од МВР.

Read More