Author: Marija Todorovska
Базата од која се пренесуваат дезинформациите од проруските пропагандни кујни во земјата е Белград, каде што постојат околу 200 проруски медиуми. Прорускиот дискурс освен што има за цел да ја оправда окупацијата врз Украина, има и за цел да влијае врз јавноста да не биде ориентирана кон Европската унија. Борбата против пропагандата не може и не треба да биде приоритет само на меѓународниот фактор. СЕФЕР ТАХИРИ Северна Македонија, некогаш „оаза на мирот“, денес е „оаза“ на руската пропаганда. За утеха, во друштво е со Србија и Црна Гора. Таа е присутна на социјалните мрежи преку „виралноста“ од ботовите и троловите.…
Конопиште денеска го одбележува верскиот празник Свети Атанасиј, посетители од земјава и странство престојуваат во селото во подножјето на Кожуф планина. Прослава е организирана во истоимениот манастир. Ктитори на овој верски објект се претставниците на фамилијата Миразови. Деновиве, во близина на манастирот, поставен е метален крст висок шест ипол и широк четири ипол метри, осветлен, како симбол на верата.
Војо Маневски: Значи ќе биде весело и со врева во текот на оваа пролет со кафеанска атмосфера и турбо музика. Само се плашам дека покрај утринскиот мамурлак атмосферата на крај ќе биде во духот на кафеанските песни „и тебе сам сит кафано“ и „дотако сам дно живота“. Мораме како граѓани да размислиме за кого ќе гласаме за да си ја пееме United, united Europe! https://civilmedia.mk/da-si-kazheme-na-vreme/
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска свечено ги додели наградите за 2023 година за новинарски стории на тема: „Справување со загадувањето на воздухот во РС Македонија“.
Прилепскиот уметник, сатиричар и карикатурист Златко Крстевски доби признание од Украина. Тој учествува со свое дело на меѓународната уметничка изложба на минијатури во Украина, по повод 150-годишнината од уметничкиот роденден на сликарот Василиј Кричевски.
Европска комисија денеска им препорача на земјите-членки да ја засилат вакцинацијата со две клучни вакцини, за да се спречи вирусни инфекции да предизвикаат рак. Тоа е вакцина против хуманиот папиломавирус (ХПВ) и вирусот на хепатитис Б (ХБВ).
ВОЈО МАНЕВСКИ / Цивил Медиа Кој чека, ќе дочека! Ете и редовните избори се на прагот иако четири години живееме во нивна најава од опозицијата. За почеток на кампањата не пишувам зошто ние сме постојано во некаква политичка кампања. Како одењето во кафеана, редовно и во секој слободен момент.
„Трол армијата“ на ВМРО-ДПМНЕ пред избори пуштена на најјако, односно во видеото во коешто говори претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на отворањето на промотивната канцеларија на СДСМ во Општина Центар, измонтираа лажно видео парче во кое насобраните граѓани наместо да извикуваат дека се Македонци, извикуваа дека се Бугари.
Шефот на скопското обвинителство, Гаврил Бубевски, на денешниот брифинг со новинарите рече дека во случајот со убиството на Вања и Панче нема нови осомничени лица и не гледа пречка постапката за екстрадиција од Турција на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо да заврши брзо.
Норвешка се подготвува за пристигнувањето на бурата Ингун, за која се тврди дека би можела да биде најсилната бура во изминатите 30 години.
Вкупно 207 заробени украински војници се вратија дома по договорот со Русија за размена на затвореници, соопшти денеска претседателот Володимир Зеленски.
Собраниската Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на продолжението на денешната седница, со седум гласа „за“ и три против, го изгласа предлогот за Ана Павловска Данева за кандидат за уставен судија.














