Author: Marija Todorovska
Пораките на руските пропагандисти со дезинформации и теории на заговор честопати се шират некритички во сензационалистички наслови на порталите.
Извршната директорка на Советот за етика на медиумите во Македонија во интервју за Студио на Слободен печат истакна дека техничката влада како концепт е одраз на недовребата меѓу политичките партии.
Седум јавни набавки на преговарање без објавување на оглас и без одобрение и согласност од Фондот за здравствено осигурување, скапи третмани на ден пред да починат пациентите и создавање на вишок лекови се дел од дејствијата за кои се товарат петмина осомничени во случајот со Онкологија.
– Како се приближуваат изборите, толку се зголемува стравот од голем пораз на некои партии кои до вчера зборуваа за своите големи „победи“.
Медиумите ја имаат должноста да ја информираат јавноста, но медиумите не треба да бидат дел од инфраструктурата на изборите и политичкиот процес, туку треба да бидат пренесувачи на информации и ставови а не учесници во изборните дуели, порача во Студио на Слободен печат политичкиот аналитичар Бесим Небиу.
Претседателот на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Александар Николовски денеска на новинарско прашање околу објавите во медиумите за наводно зголемување на партиципација на студентите, посочи оти тоа не е барање на Министерството за образование, туку станува збор за внатрешни процедури на УКИМ.
„Кога државата ќе реши искрено и професионално да се справува со криминали тогаш тешко кој може да остане заштитен од разноразни истражни дејствија и доказни постапки. Минатата недела се изненадивме со опсежната акција со апсења во Грчец. Имаше скоро невозможна мисија, апсење на еден од најголемите нарко-картели во Македонија. Во последните четири-пет години сите важни статистики се многу подобрени, откривање на тешки кривични дела. Нашиот проблем потоа се сели во судскиот систем откако МВР откако ќе обработи дел од својата работа“, изјави аналитичарот Сашо Орданоски на поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов во однос на најавите за Предлог законот за работно ангажирање лица за вршење работи од привремена и повремена природа за одредени дејности, смета дека е недозволиво во земја кандидат за членство во Европската Унија да се формализира неформалната економија.
Јавното обвинителств отвори истрага за случајот со Онкологија и побара мерки за претпазливост за поранешниот директорот на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев, кој се сомничи за седум кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и за „измама во службата“, како и за организацискиот директор, Нехат Нухи, кој се сомничи за „измама во службата“. Во случајот се осомничени и тројца лекари кои се товарат за помагање во „измама во службата“.
По успешното тестирање во САД, Украина наскоро ќе ја добие првата голема серија ракети со долг дострел „Боинг“, кои би требало да овозможат удари длабоко на територијата под руска контрола, тврдат извори запознаени со предметот.
Судот во американската држава Делавер го отфрли договорот за плата од $55.8 милијарди (£44 милијарди), доделен на Елон Маск во 2018 година од страна на компанијата за електрични автомобили Тесла. Тужбата беше поднесена од дел од акционери кои тврдеа дека станува збор за преплата. Судијата Каталин МакКормик го нарече “несогледлив износ” кој не беше фер кон акционерите и изјави дека процесот кој водеше кон одобрувањето беше “длабоко недовршен”. Таа одлучи дека договорот треба да биде откажан.















