Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И по Тито – Путин: Од „оаза на мирот“ до „оаза“ на руската пропаганда

0
By Marija Todorovska on February 1, 2024 АНАЛИЗА, КОЛУМНА, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 1, 2024 09:18
  • Базата од која се пренесуваат дезинформациите од проруските пропагандни кујни во земјата е Белград, каде што постојат околу 200 проруски медиуми.
  • Прорускиот дискурс освен што има за цел да ја оправда окупацијата врз Украина, има и за цел да влијае врз јавноста да не биде ориентирана кон Европската унија.
  • Борбата против пропагандата не може и не треба да биде приоритет само на меѓународниот фактор.

СЕФЕР ТАХИРИ

Северна Македонија, некогаш „оаза на мирот“, денес е „оаза“ на руската пропаганда. За утеха, во друштво е со Србија и Црна Гора. Таа е присутна на социјалните мрежи преку „виралноста“ од ботовите и троловите.

Три медиумски дискурси за една војна!

Постои дуалност во известувањето за Украина, која е резултат на идеолошките ориентации на медиумите и нивната уредувачка политика во однос на глобалните прашања.

Првиот дискурс е балансираниот однос кон страните во војната, присутен особено во традиционалните медиуми (телевизии), но и дел од порталите.

Вториот дискурс е на медиумите кои главно се во онлајн сферата, а кои прокламираат проруска уредувачка политика. Базата од која се пренесуваат дезинформациите и манипулациите во земјата е Белград, каде што постојат околу 200 проруски медиуми, подржани од Кремљ или други извори, од кои дел се на невладини организации, а другите се со (дез)информативна природа.

Во прилогот со наслов „Македонија не е имуна на руската пропаганда“, Радио Слободна Европа на македонски јазик известуваше дека:

Кон средината на 2012 година во Македонија почна со работа интернет порталот Руска реч на македонски јазик, а печатеното издание излегува еднаш месечно како додаток во дневниот весник Нова Македонија. Руска реч е финансиран од издавачката куќа Росијскаја газета, која е државно финансирана од руската влада. Овој медиум не известува за локални проблеми во Македонија, тука ја претставува Русија и руската култура пред македонските читатели. На македонската публика и се претставува и Новинската агенција Спутник. Иако нема македонско издание, поради јазичната блискост, српското издание на оваа руска државно финансирана новинска агенција често обработува теми од Македонија преку кои го пренесува рускиот поглед за локалните случувања.

Порталот Инфомакс, можеби е единствен во земјата, кој има посебна подрубрика, именувана Русија. Се работи за портал кој објавува афирмативни вести за Русија и Путин и обратно за Украина и Зеленски.

Дискурсот кој ја фаворизира Украина поприсутен е во медиумите на албански јазик, а за негово зацврствување, се прави аналогија со историската судбина на Албанците во текот на војната на Косово. Сепак, оваа ситуација се бележи повеќе на почетокот на војната.

Пропагандната машинерија на рускиот политички дискурс

Штетата од пропагандата која ја трпат општеството и јавниот интерес е голема.

Главната цел на руската пропаганда секако е дезинформирањето за војната во Украина, односно оправдувањето на чекорите, кои ги презеде Москва во тнр. „специјална воена операција“. Тоа оди паралелно со величењето на ликот и делото на Владимир Путин во очите на јавноста.

Путин е еден од ретките претседатели на држави, за кој во дел од медиумите се известува за неговиот роденден. Вакво величење на еден политичар, имаше во времето на комунизмот за Тито. Во медиумите или социјалните мрежи вестите за роденденот на нашиот претседател на државата, Стево Пендаровски, се навистина голема реткост.

Пропагандната машинерија на рускиот политички дискурс, освен што има за цел да ја оправда окупацијата врз Украина, има и цел да влијае врз јавноста/граѓанството, да не биде ориентирана кон западноевропските вредности, односно Европската унија. За да се оствари тоа, се користат верскиот сентиментализам дека македонскиот и рускиот народ се православни и етногенезата, односно фактот дека се работи за два словенски народи. И донекаде успева, бидејќи евроскептицизмот во јавноста благо расте!

Што направила „братска“ Русија за Македонија?

На што се должи проруското расположение на дел од граѓаните во земјата? Дали има историска основа?

Во трудот со наслов „Русија планирала формирање на македонско автономно кнежество?!“ објавен во весникот Нова Македонија, новинарот Блаже Миневски пишува:

Русија никогаш искрено не ја поддржувала Македонија, што може да се види и од примерот со „грижата на словенската заштитничка“ кон „словенските народи на Балканот“, односно нејзиниот став и однос за време на Илинденското востание, но и по неговото крваво задушување.

Миновски аргументира:

Руската политика кон Македонија по Лондонскиот договор од 1871 година секогаш била на штета на македонските национални интереси. Во руската политика отсекогаш егзистирала веќе подготвена идеја еден ден делови од Македонија да им се доделат како награда на соседите, за да може Русија да ги задоволи своите планови и очекувања во овој дел од Европа.

Државните мерки против пропагандата само декларативни

Владата, на 24 јули 2019 година го усвои „Планот за одлучна акција против ширење дезинформации и напади врз демократијата“. Освен одлуката за неемитување на руските телевизиски канали, не сме виделе некои други конкретни мерки и активности.

Во Планот стоеше дека се формира „Акциска група за борба против дезинформации и напади на демократијата“, но резултати од нејзината работа не се соопштени.

Исто така, во планот се вели дека „Акциската група и Владата ќе спроведуваат едукативна кампања од јавен интерес за постоењето и штетното влијание кое дезинформациите го имаат врз општество“. Но, и такви кампањи не сме виделе. Повеќе активности остварува невладиниот сектор.

Што да се преземе против руската пропаганда?

Дел од медиумите, кои имаат професионален пристап кон настаните во земјата и во светот, треба да ја подржат работата на платформите за борба против дезинформациите.

Во општетсвото, треба да се поддржи производството на медиумските содржини против дезинформациите во различни типови на медиуми и жанрови. Борбата против пропагандата не може и не треба да биде приоритет само на меѓународниот фактор.

Во анализата со наслов „Зошто немаме дописници од војната и страдањата во Украина?“ познатиот новинар Ерол Ризаов го цитира големиот писател Алберт Ками, кој и самиот бил новинар: „Новинарот не може да се стави на страната на оние што ја создаваат историјата, туку во служба на оние што поради неа трпат“.

Проф. д-р Сефер Тахири е универзитетски професор.

Преземено: Цивил Медиа

 

Путин руска пропаганда Тито Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.