Author: Marija Todorovska
Претставникот на Европската унија за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, во вторникот ги повика Косово и Србија да ги забрзаат напорите за нормализирање на нивните односи пред двата важни меѓународни избори, пренесуваат косовските медиуми.
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска беше во посета на Универзитетската клиника за урологија по повод 500-та трансплантација на бубрег во јавното здравство.
Русија покрена обвиненија за екстремизам против 33-годишна жена според новите закони кои ја криминализираат поддршката за ЛГБТК заедницата, соопшти во вторникот група за права „Перви Отдел“.
Договорот од Преспа е меѓународен договор, има сила над сите законски одредби и не може еднострано да се менува од никоја од двете страни, порача министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис, како во синоќешното интервју за грчката телевизија „Антена“, така и од Парламентот утрово, одговарајќи на пратеничко прашање.
Јеменските Хути, кои се поврзани со Иран, ќе продолжат да ги гаѓаат американските и британските воени бродови во Црвеното Море во самоодбрана, изјави воениот портпарол на групата.
Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење во техничката Влада, Славица Грковска, од денеска е во посета на Соединетите Американски Држави, каде ќе присуствува на традиционалниот молитвен појадок што ќе се одржи утре во Вашингтон.
Валентин Нешовски: Живееме, во најинтересното време што некогаш постоело. Сци-фи романите ни се случуваат пред очи. https://frontline.mk/2024/01/31/di-alozi-za-veshtachkata-inteligenci-a-i-tehnoloshkiot-razvo-e-n-ubie-ili-e-n-spasi/?fbclid=IwAR24qy19clmalZvzkqZnrcCzAIYDOrkzAZI9gkdpR94UHrh2I88XAPJYpYc
Исмет Рамадани: Кога ќе се направи грешка, за жал свесно, под влијание на руско-српските и руско-бугарските структури, тогаш граѓаните со право на глас ја даваат казната со слободен глас за да си ја отворат европската перспектива. https://frontline.mk/2024/01/31/ramadani-vmro-dpmne-e-kra-no-destruktivna-asno-e-deka-se-plashat-od-na-aveniot-shirok-evropski-front/?fbclid=IwAR150Rc347253b73Ln50Y9YMNSVW_F_dHG_waoOUAJ8YrwQeNmotXjrhWQA
„Опозициската ВМРО ДПМНЕ е крајно деструктивна“, вели во изјава за „Фронтлајн“ – политичкиот аналитичар Исмет Рамадани, коментирајќи ги опструкциите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, блокадата на работата на Собранието, противањето за одобрување на уставните измени и опструкциите што и ги прават на техничката Влада.
Британската медиумска групација Скај денеска соопшти дека планира да укине 1.000 работни места во ОК оваа година, бидејќи има потреба од помалку техничари по преминувањето од сателитско емитување на дигитално емитување.
Долниот дом на францускиот Парламент синоќа со огромно мнозинство гласови во прво читање ја прифати владината реформа, чија цел е да се вметне во Уставот „гарантираната слобода“ на жените да ја прекинат бременоста.
Шефот на украинската воена разузнавачка служба Кирило Буданов изјави дека очекува руската офанзива на источниот фронт да пропадне до почетокот на пролетта.













