Author: Marija Todorovska
Советот на Град Скопје денеска не ја донесе одлуката за давање субвенции на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје за 2024 година. За изгласување на одлуката не беа доволни 22. гласа „за“ од присутните советници. Триенаесет беа воздражани, а ниту еден против. Со одлуката за субвенционирање треба да се овозможи исплата на декемвриската плата на вработените во ЈСП, кои организирани од Синдикатот, изутрината во 9 часот го прекинаа јавниот градски превоз.
Порталот Travel off Path ги препорачува Скопје и Охрид како задолжителни дестинации за луѓето кои имаат можност да шетаат и работаат од каде што ќе посакаат. Според порталот, целиот регион на Западен Балкан треба да биде точка за посета за дигиталните номади, во периодот кога мора да поминат време надвор од Шенген зоната.
Директорот на Јавното претпријатие Македонија пат Костадин Ацевски во интервју за Студио на Слободен печат апелираше до сите возачи да се однесуваат одговрно на патиштата во зимски услови.
Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок на денешната средба во Брисел на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ истакна дека Унијата мора да работи на принципот „две држави“ за надминување на израелско-палестинскиот конфликт.
Полскиот премиер Доналд Туск за време на неговата денешна посета на Киев изјави дека нема ништо поважно од поддршката на Украина во нејзините воени напори против Русија.
Додека трае приправничкиот стаж на големиот број на затворски полицајци кои немаат добиено решение за редовно вработување, ќе трае кризната состојба на територијата на затворот „Идризово“, изјави директорот на затворот, Зоран Јовановски.
Во тетовско Теарце, Одборот на бранители денеска организираше одбележување на 23 години од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски (29) при напад со ракетен фрлач врз полициската станица на 22 јануари 2001 што се смета за почеток на оружениот конфликт во текот на годината. При нападот тешко ранет беше полицаецот Давор Евросимовски, а со полесно повреди се здобија Борче Ѓуровски и Јахи Лика.
Трите малолетни деца од семејството на четиригодишното девојче кое пред шест денови беше донесено во критична состојба во Клиничкиот центар во Скопје и таму се лекува, ќе бидат сместени во згрижувачко семејство, рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Струмица на отворање на сензорна соба во градинката „Виножито“.
Единаесет општини од Вардарскиот и Југоисточниот плански регион со поддршка на ЕУ почнуваат иницијатива за формирање „Организација за управување со дестинација“ (ОУД) и се поврзуваат со донатори, граѓански организации и приватни компании со цел развивање висок потенцијал за различни видови туристички активности, како што се вински и културен туризам, пешачење, велосипедизам, риболов, здравствен туризам и многу повеќе.
– Отворен е нов дијагностички центар на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија. Со него, како што беше кажано на денешното отворање, пациентите значително побрзо ќе бидат дијагностицирани, а со тоа и побрзо третирани.
Секој мировен план за Блискиот Исток треба да вклучува, прво, апсолутна осуда на сите форми на тероризам, второ, да го вклучува ослободувањето на заложниците и секако, трето, да постои одржлива перспектива, порача министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис.
Mожно е политичката планета Македонија да се порамни со политичката планета Европа, во 2030 година, под услов самите да не ја нарушиме сопствената политичка ротација и гравитација. Oвој стратешки маневар бара умереност и широк политички консензус за решителен и брз исчекор во преговорите за пристапување во ЕУ.















