Author: Marija Todorovska
ЗОРАН ИВАНОВ / Цивил Медиа
Роковникот во однос на активности во Собранието што беше претходно споделен останува непроменет, соопштија од Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери по денешната координација без да соопштат детали за тоа како ќе се одвиваат подготвките за формирање на техничката Влада.
Околу десет пациенти со грип се хоспитализирани на Инфективна клиника, а тројца од нив се веќе дијагностицирани со Ковид. Станува збор за иста фамилија на вируси. Нема простор за паника, се е под контрола и се следат сите упатства од Комисијата за заразни болести, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, одговарајќи на новинарски прашања.
о повод 22 јануари, Денот на соборноста на Украина, украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, на 698от ден од руската агресија врз Украина, објави твит за одбележување на 105 години од денот на прогласувањето на Актот за Обединување на Украинската Народна Република и Западноукраинската Народна Република (22 јануари 1919 година). Нашето единство е нашето оружје!
РИБАРО После најавите од МПЦ кои решија да ги стават на лицитација сите плацеви, јахти и џипови кои се во сопственост на владиците и поповите, а собраните средства да им ги донираат и разделат на верниците од посиромашните слоеви, именуваните функционери решија да се ослободат од товарот на 78 проценти зголемени плати што им припаднаа како резултат на одлуката на Уставниот суд донесена во март лани.
Никогаш не сте биле поблиску до ЕУ. Со малку работа може да ги направиме работите подобри. Планот за раст е многу поразличен од претходните понуди на Унијата и вели – „ајде да ја завршиме практичната работа“. Секој од лидерите ја препознава и согледува важноста од напредувањето, но е подготвен и да го преземе политичкиот ризик. Се надевам дека ќе постигнеме промена и дека ќе им понудиме можност на граѓаните во целиот регион, порача денеска помошникот државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Џејмс О’Брајaн во обраќањето на лидерскиот состанок за Планот за раст на Западен Балкан што се…
Од кабинетот на косовскиот премиер Албин Курти, по синоќешната вечера во организација на македонскиот премиер Димитар Ковачевски во рамки на Самитот на лидери на Западен Балкан, објавија соопштение за неговата изјава во однос на Планот за раст и заеднички пазар на Берлинскиот процес.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска објави дека поднесува нацрт-закон со кој на украинските граѓани им се овозможува „повеќекратно државјанство“, односно можност Украинците или нивните потомци во светот да можат да бараат и украинско државјанство покрај она што веќе го поседуваат.
Водостоите на дел од реките во земјава се повисоки од просекот за јануари. Кај останатите тие или се во рамки на декемврискиот просек или под него. Кај езерата зголемување на водостојот се бележи кај Дојранското, кај Преспанското е понизок, а кај Охридското езеро водостојот е во рамки на просекот, покажуваат податоците од мерењата што ги врши УХМР.
Членови на Синдикатот на вработените во ЈСП претплатнево се собраа пред просториите на град Скопје каде ќе го чекаат исходот од вонредната седница на Советот на град Скопје за исплата на субвенциите на ЈСП, од што зависи дали ќе се нормализира одвивањето на јавниот градски превоз, што е стопиран од 9 часот изутрината.
Планот за раст на ЕУ не е како никој друг план досега, бидејќи не треба да правите реформи за да бидете оценувани подоцна, туку тие ќе овозможат побрз пристап до заедничкиот европски пазар. Секоја влада од шесте земји од Западен Балкан се согласи дека ќе работат заедно за луѓето од регионот да добијат вистински можности и поскоро да станат дел од ЕУ, изјави Џејмс О’Брајaн, помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД пред почетокот на лидерскиот состанок за Планот за раст на ЕУ во Скопје.
Во четврток оставки ќе поднесат премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието Талат Џафери, а во петок ќе се избере новиот претседател на Собранието, Јован Митревски од СДСМ. Според договорот, технички премиер ќе биде Талат Џафери. Техничката влада ќе се гласа во недела. Остануваат нејасни кадрите кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги предложи за министри и заменици министри во техничката влада.















