Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Десеттина пациенти со грип се хоспитализирани на Инфективна клиника, а тројца од нив се веќе дијагностицирани со Ковид

0
By Marija Todorovska on January 22, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 22, 2024 12:15

Околу десет пациенти  со грип се хоспитализирани на Инфективна клиника, а тројца од нив се веќе дијагностицирани со Ковид. Станува збор за иста фамилија на вируси. Нема простор за паника, се е под контрола и се следат сите упатства од Комисијата за заразни болести, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, одговарајќи на новинарски прашања.

И на Клиниката за пулмологија и алергологија, како што рече медицинскиот директор Дејан Докиќ, има пациенти со грип.

– Има една  пациентка во една навистина тешка состојба, со пореметување на самата респирација но и на свеста и преговараме со Клиниката за инфективни болести евентуално да ја земат, бидејќи веројатно на неа ќе и треба респиратор. Пациентката е позитивна на инфлуенца, појасни директорот.

Не е доцна за вакцинирање, порача Докиќ, укажувајќи дека за да бидат вакцинирани, пациентите мора да бидат здрави. Пациент кој е болен, потенцијално можеби има вирус, во тој случај не би можело да се вакцинира.

Запрашан дали има зголемување кај пациенти пушачи, со заболувања, меѓу кои и канцер, директорот одговори, дека, отприлика, бројот на новодијагностицирани е сличен како и претходните години.

– Со Министерството за здравство се работи програма за рана дијагноза на белодробниот карцином што е број еден карцином по смртност кај мажите, а трет кај жените. Со оваа програма, верувам дека и ние ќе придонесеме рано, во почетните стадиуми да се откријат пациенти со белодробен карцином, за да можат ефикасно и успешно да се лекуваат, подвлече Докиќ.

Одговарајќи на прашања, Меџити рече дека на Влада поминала физибилити студијата за Клиничкиот центар во Скопје и оти му доаѓа крајот на сообраќајниот метеж,  а стручниот извештај за родилката од Делчево, како што рече, се уште не бил готов.

Во однос на проблемите со термини, Меџити нагласи дека  има многу подобрување и редовно се следи состојбата. Повторно апелираше да се почитуваат закажаните термини и да се доаѓа на закажан термин, или да се откаже, ако пациентот е спречен да дојде.

грип Инфективна Ковид пациенти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.