Author: Zoran Ivanov
Јована Тренчевска: Нападите што ги слушаме секој ден од власта кон лекарите е иста тактика како онаа за судството! Да се намали рејтингот и довербата на граѓаните кон лекарите!
Ако продавате SaaS и планирате да чувате квалификувани клучеви кај вас, тогаш веќе не продавате само ERP, DMS или финансиски модул. Вие практично влегувате во зона на довербена инфраструктура, со многу поголема одговорност отколку што повеќето тимови си признаваат. Затоа прашањето не е: „Може ли технички да го ставиме сертификатот на сервер?“ Туку: „Дали смееме, дали е безбедно, дали е одбранливо, и дали утре ќе можеме тоа да му го објасниме на клиент, ревизор или инспекција?“
Уредничкиот совет на Њујорк тајмс објави текст во која остро ја критикува американската војна против Иран и пристапот на американскиот претседател Доналд Трамп.
Аналитичарите што не знаат — или не сакаат да знаат — каде е проблемот. Не секоја заблуда е дезинформација – но секој притисок врз сатирата е знак на страв од вистината. Џабир Дерала Објавата на Occupy Democrats со драматичниот наслов BREAKING: FIRST PHOTOS OF TRUMP’S NEGOTIATIONS WITH IRAN LEAK се прошири на социјалните мрежи со голема брзина, предизвикувајќи реакции, споделувања и коментари. За помалку од 48 часа, објавата стана вирална, со 221.000 реакции, 27.000 споделувања и 9.400 коментари. Ја презедовме и ние во рубриката каде што се објавуваат интересни објави на социјалните мрежи. Го читам текстот пред да се објави…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на брифинг пред новинарите промовираше дел од клучните политики и мерки од новата програма на партијата.
Советот на јавни обвинители не ѝ го продолжи мандатот во Обвинителството за гонење на организиран криминал на обвинителката Ивана Алексова Трајчева, која го води предметот против полицајците обвинети за трагедијата во Кочани.
Во рамките на иранскиот режим, каде што преживувањето беше главна цел, расте чувството дека рамнотежата на моќта се навалува во нивна корист, толку многу што Иран можеби навистина ги преценува своите способности. На пример, иранските медиуми постојано цитираат анализи од западни мислители и пензионирани генерали кои тврдат дека стратегијата на Трамп не успеала. Четири недели по почетокот на војната што требаше да трае само четири дена, Соединетите Американски Држави се наоѓаат во полоша позиција во однос на Иран отколку што беа пред конфликтот. Војната, која досега ги чинеше САД помеѓу 30 и 40 милијарди долари, не само што не го…
Александар Трајановски: Проектот за брз автобуски превоз (БРТ) беше блокиран пет години поради политички причини, наместо поради реални слабости.
Во време кога руската инвазија врз Украина влегува во својата петта година, Кремљ бара финансиска поддршка од домашните олигарси за да го стабилизира државниот буџет.
Во груби црти, на организаторката ѝ посочив дека навредува новинар кој ја врши својата работа и побарав, доколку има забелешки, да испрати реакција, но ѝ напоменав и дека можам да покренам правна постапка за навреди. Таа ме потсети дека е правничка и ми рече дека „слободно можам да се обидам“. Посочив и дека имам снимка од настанот, откако се обиде да ме убеди дека Кузмановска не го рекла „баш тоа така“, дека сум ја извадил изјавата од контекст и сум ги „искривил“ нејзините зборови. Гневна, пред да исклучи, рече оти веќе нема да ме вика на нејзините настани.
Началникот на Генералштабот на израелската армија, генерал-потполковник Ејал Замир, предупреди дека Израелските одбранбени сили (ИДФ) наскоро би можеле да доживеат внатрешен колапс доколку не се реши сериозниот недостиг на персонал.















