Author: Zoran Ivanov
По состанокот во Ријад, 12 држави од арапскиот и исламскиот свет упатија заеднички повик до Иран за итно запирање на нападите во регионот.
За три месеци животот поскапел за околу 2.500 денари, а минималната плата ќе се усогласува за 1.667 денари, реагираат од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во ново соопштение за трошоците за живот.
Цените на нафтата „Брент“ денеска пораснаа на повеќе од 114 долари за барел, а европските цени на гасот скокнаа за 30 отсто на тригодишен максимум откако Иран почна напади врз клучната енергетска инфраструктура на Блискиот Исток.
Џељо Хоџиќ: Сите оние што нѐ убедуваа како Скопје ќе процвета со новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, нека бидат фер и нека му пуштат порака барем нека се обележат пешачките премини, како и полните и кратките линии на булеварите, пошто возењето низ Скопје е многу напорна и тешка работа.
Луѓето кои требаше да бидат зад решетки, сега се најгласни во оцрнувањето на СЈО, во отворените напади за криминал во СДСМ, и од различни ама комотни позиции во власта испраќаат совети до новоизбраниот државен обвинител, за тоа, што прво треба да направи за да веднаш биде разбран дека е правичен и народен обвинител, дека прво треба да ги уапси Заев и тајфата, да го обвини Венко и дружината.
Имајќи ја предвид сензибилизираната јавност за овој предмет, високиот степен на јавен интерес, особено е значајно јавни личности или лица кои вршеле високи државни функции и може да придонесат за креирање на јавната перцепција, да се воздржат од изнесување неточни или непроверени информации.
Од коалицијата Влен соопштија дека процесот на обединување влегува во клучна фаза, со како што велат „смели и неповратни одлуки“ за формирање единствен политички субјект. Оттаму велат дека приклучувањето на Алтернатива го зајакнува процесот, кој веќе бил поддржан и од Движење Беса, Демократско Движење и Алијанса за Албанците.
Неидентификувани дронови биле откриени над воена база во главниот град на САД, Вашингтон, каде што живеат државниот секретар и секретарот за одбрана на САД – Марко Рубио и Пит Хегсет, објави американскиот весник Вашингтон пост.
Министерот за надворешни работи на Оман, Бадр Албусаиди, за списанието The Economist предупредува дека САД ја изгубиле контролата врз сопствената надворешна политика и ги повикува своите сојузници да помогнат во завршувањето на она што тој го нарекува нелегална војна.
Рамазан Бајрам – утре, петок, 20-ти март, неработен ден за сите граѓани во Северна Македонија
20-ти март се слави Рамазан Бајрам, поточно првиот ден на големиот празник.Петок е неработен ден согласно Законот за празниците на Република Северна Македонија.
Сè она што СДСМ со денови и со месеци го говори, денеска уште еднаш се потврди, соопштува СДСМ.














