Author: Zoran Ivanov
Џељо Хоџиќ: Што значи политичка и морална одговорност, во четири примера: Премиерот на Словенија, Роберт Голоб свика кризен состанок по насилната смрт на жител на Ново Место, на кој министерката за правда Андреја Катич и министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар понудија оставки, а Голоб ги прифати, јавија словенечките медиуми. Премиерот на Сараевскиот кантон, Нихад Ук, поднесе оставка додека во Сараево се одржуваа протести по трагичната трамвајска несреќа во која загина 23-годишно момче, а четири лица беа повредени. Грчкиот министер за транспорт и инфраструктура Константинос Караманлис поднесе оставка по тешката железничка несреќа кај Лариса, во која загинаа најмалку 36 луѓе.…
Дијана Тахири: Да бидеш жена, да создаваш живот, да го носиш својот товар, товарот на твоето семејство, да имаш ментална и физичка сила и во исто време да бидеш кревка како трн… Во спомен на сите жени кои живеат со насилство, кои умираат од последиците на тишината. Не молчете, жени. Не ги замолкнувајте семејствата и општествата блиски до насилството. Мажите се градат врз жени! Извор: Фејсбук
Нациналните ТВ ама исто и другите редакции за трагедијата со мајката и ќеркичката, цитирам: “И овој пат падна системот”. Значи верглање “системот па системот”! НЕ уредници, не. И овојпат не падна системот туку паднаа луѓето закачени за државниот буџет кои се надлежни и одговорни системот да функционира. Затоа пробајте да не фрлате магла со “системот”, туку “пукајте” по одговорните во системот зашто не е виновен системот, туку тоа се овластените и за тоа платени извршителите во системот.
Тој гневно, со пркос, но достоинствено им одговори: “Да, точно така. Тоа и денес би го сторил во името на заштитата на безбедноста на државата од делување на поединци и групи, непријателски ориентирани емигранти против мојата татковина. Се едно, што тогаш се викаше Југославија”.
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија д-р Венко Филипче, во денешната изјава во Собранието, изрази жалење од изјавите на ВМРО-ДПМНЕ во кои политиките на СДСМ за членството на Македонија во НАТО се оценуваат како предавнички.
Славјанка Петровска: Се додека велиме системот е виновен, ситемот убива, да го промениме системот, се дотогаш ќе имаме нови “Кочани”, нови “Фросина на Партизанска”, нови “ Мајка и ќерка убиенти” нови “Росица од Велес” нови “Жртвите од Куманово”.
Во Кривичниот суд почна судењето по поднесен обвинителен предлог од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција од Одделот за гонење на полицајци кое ги товари за злоупотреба на службената положба.
Калчина Коси: Инаку НЕ, НЕ Е ТОЧНО дека функционерите си ги намалиле платите!
Ирански ракети го погодија денес централен Израел, а пријавени се напади во поширокото подрачје на Тел Авив, потврди израелската војска. Според првичните извештаи, најмалку пет луѓе се полесно повредени, објави „Франс 24“. Силите за пребарување и спасување, заедно со бројни тимови за итни интервенции, моментално дејствуваат на местата на нападите во централен Израел, стои во соопштението на армијата. Израелските служби за итна медицинска помош објавија дека биле згрижени пет лица со полесни повреди на погодените локации. Израелската полиција соопшти дека се регистрирани неколку области на удар во областа Тел Авив каде што се пронајдени фрагменти од ракети.
Во рамките на официјалната посета на Република Северна Македонија, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, оствари средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши, на која присуствуваа: координаторите и заменик-координаторите Никола Мицевски, Јованка Тренчевска, Беким Ќоку, Рина Ајдари и Бобан Карапејовски; шефот на собраниската делегација во ПС НАТО, Драган Ковачки и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, соопшти прес-службата на законодавниот дом.
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека американските сили не би гаѓале намерно училиште, откако иранските државни медиуми објавија дека повеќе од 160 лица загинале во напад врз основно училиште за девојчиња во градот Минаб, на југот на Иран.















