Author: Zoran Ivanov
Имаме работа со еден би рекол терминално неспособен премиер, терминално неспособна влада кои што немаат ниту капацитет, ниту знаење, ниту визија каде ја водат државата, се интересираат само за сопствениот интерес, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање.
Израелските медицински служби соопштија дека најмалку осум луѓе загинале во експлозија во близина на Ерусалим.
Израелските сили извршија воздушни напади во центарот на Техеран, целејќи клучни објекти, вклучувајќи го и седиштето на иранската државна телевизија и радио, објави News.Az.
Македонската економија тоне, граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Имавме конструктивни предлози како да им помогнеме на граѓаните, како да се зголеми минималната плата, за жал сето тоа власта го одби. Но, на економски план се случуваат консекутивни работи што ние ги најавивме и на што укажуваме, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција.
По иранскиот ракетен напад врз израелскиот град Беит Шемеш, досега се евидентирани осумина загинати, а речиси дваесетина други се здобиле со повреди од различна тежина.
Началникот на иранската служба за безбедност, Ари Ларјани, изјави дека Иран ќе ги нападне САД и Израел „со сила каква што никогаш претходно не доживеале“.
Неколку силни експлозии се слушнаа во областа Дубаи во Обединетите Арапски Емирати и над катарскиот главен град Доха утрово, втор ден по ред, објави Ројтерс, повикувајќи се на очевидци.
Катерина Цаневска: „Човек од збор“, рече. Ама па не е ѕид да не се сврти. Нема да му требале 25 хигиеничарки во Скопје. Имало непотребна администрација, превработеност, вишоци. Ќе се кратело, ќе се рационализирало, ќе се штедело, така на почетокот на декември не убедуваше новиот градски татко Орце Ѓорѓиевски. На кажаното додржа еден месец, пред Нова година распишува јавен оглас за вработување хигиеничарка на неопределено време. Плата: 42.837 денари. Тоа се околу 697 евра. Со основно образование. Значи, не му требале 25 – туку 26. Само „сега за сега“. Во меѓувреме, во Градот беа донесени 12 „свои“ луѓе од Кисела…
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за денеска закажа седница на Советот за безбедност.
Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи е мртов, потврдија денеска иранските државни медиуми.
Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во американско-израелските напади.
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ вчера попладне на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.















