Author: Zoran Ivanov

Во валандовското село Јосифово, припадници на МВР, во фабриката за производство на медицински канабис „Грин лајф“ и, според неофицијални информации, заплениле меѓу еден и ќетири тони канабис.

Read More

Воено и политички, продолжувањето на политиката со други средства за Путин е целосно фијаско во секој поглед и, едноставно, Москва сега се наоѓа во многу деликатна ситуација, каде ќе биде уметност да се најде излезно решение од војната без да се предизвикаат поголеми политичко-општествени потреси во Русија.

Read More

Модератор на конференцијата беше Претседателот на Цивил, Џабир Дерала. Учестуваа десетина еминентни личности од невладини организации борци за човекови права, професори, дипломати, новинари, креатори на политики и претставници на граѓанското општество од Европа и пошироко, од Украина, Германија, Велика Британија, Франција, Литванија, Италија и САД, а со видео обраќање се вклучи и амбасадорката на Украина во Република Северна Македонија. Поводот, 24 февруари 2026 година кога на овој ден пред четири години руската војска навлезе на украинска територија и ја почна најголемата агресија и војна во Европа во овој век. Конференцијата се емитуваше во живо на Јутуб каналот и на Фејсбук…

Read More

Ако постои закана, државата има механизими да обезбеди безбедност и во рамки на притворскиот систем. Ако обичен граѓани може да остане во притвор за далеку помал износ и без претходно бегство, тогаш истите стандарди мора да важат за сите, порача Игор Филков

Read More

Затворот „Скопје“ не е мексикански картел, може да ја гарантира безбедноста на секој штитеник, па дури и на поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој заврши во куќен притвор со образложение од Обвинителството дека МВР и АНБ процениле дека Груби не е безбеден во Шутка, дециден е директорот на Истражниот затвор „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски.

Read More

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денес престојува во официјална работна посета на Украина, каде ќе оствари средби со високи претставници на украинските државни институции.

Read More

Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност, процениле дека поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој по повеќе од една година бегство, сам се појави на граничниот премин „Блаце“ и се предаде, немало да биде безбеден во притвор во „Шутка“, па затоа предложиле куќен притвор.

Read More

Борче Трајковски: Доволно е да ги читате реакциите на провладините медиуми, на оние најжестоките поддржувачи на власта на Мицковски околу мерката куќен притвор за Груби. Сите стрели се упатуваат кон мантрата дека и во овој случај се вмешани СДСМ, Венко и Заев и дека одлуката е според нивни наредби.

Read More

Правната држава е целосно погребана. Дилот меѓу ВМРО-ОКГ и ДУИ се реализира пред очите на јавноста. После театарот на граница, со договорено враќање и режирано снимање, каде го видовме како Груби доаѓа насмеан, со наочари, следуваше продолжение со куќен притвор. Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено“, вели Алескандар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ.

Read More

Денеска, на 24 февруари 2026 година, точно четири години од почетокот на целосната руска воена агресија врз Украина, ЦИВИЛ – Центар за слобода организира меѓународна онлајн конференција со наслов: „Четири години агресија: Отпорот на Украина и одговорноста на светот“.

Read More

Посебно проблематично е прашањето на генерациската правда. Додека младите асистенти се соочуваат со построги услови, несигурни договори и финансиски ограничувања, на пензионирани професори им се отвора можност да продолжат да предаваат. Тоа создава впечаток на затворен круг, каде академската обнова се одложува. Ако сакаме свежина, иновација и нова енергија, мора да создадеме простор за младите научници, а не да ги оттурнуваме кон странство.

Read More