Author: Zoran Ivanov
Нема „членство од втор ред“ во ЕУ – за да се случи тоа, треба да се променат основните Договори на Унијата. Ваква порака испрати евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас, по најавата на премиерот Мицкоски дека постои опција Македонија да стане членка на ЕУ во 2027ма во формат „без право на глас“.
Мицкоски ветуваше правда, викаше дека ДУИ се криминалци а што излезе? Се договориле со Артан Груби, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Сител Телевизија.
Љубомир Цуцуловски: Полека, но сигурно, се приближуваме до идеалот на Бакуњин и Пјер-Жозеф Прудон, но и на Марксовото залагање – одумирање на државата. Меѓутоа, со една „мала“ и „небитна“ разлика.
Во судницата во „Идризово“ денеска продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. На денешното рочиште ќе бидат сослушани сведоци на предлог на Јавното обвинителство.
Скијачката федерација на Македонија со огромна гордост објавува дека Зоран Јовановски ќе биде првиот македонски параолимпиец кој ќе настапи на Зимска параолимпијада, на Зимските параолимписки игри Милано-Кортина 2026. Ова е историски чекор за скијачките спортови во Македонија и доказ дека со визија, системска работа и посветен тим можеме да поместуваме граници и да создадеме нови страници во спортската историја. Искрена благодарност до целиот стручен тим: Тренерите Јане Стефанов и Петар Илев за професионалноста, посветеноста и вербата, Вангел Тркаљанов кој го донесе параскијањето во државата и организираше над 20 ски кампови, Целиот организациски тим и сите кои придонесоа овој успех да…
Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед, објави на Фејсбук екс премиерот Зоран Заев.
Десетици интервјуа со сведоци на ФБИ поврзани со случајот Џефри Епстин недостасуваат во огромниот број досиеја објавени од Министерството за правда на САД. Всушност, тие не вклучуваат три искази поврзани со жалбата на жена дека Доналд Трамп ја злоставувал пред неколку децении, истражува Си-ен-ен.
Украинските сили започнаа серија напади со американски ракети со долг дострел ATACMS врз руски командни места, складишта за муниција и логистички објекти на окупираните територии, соопшти Генералштабот. Нападите, кои се случија ноќта на 24 февруари, претставуваат ретка потврдена употреба на оружјето, објавува The Kiev Independent. Како дел од систематските мерки за намалување на офанзивните капацитети на рускиот агресор, единиците на украинските одбранбени сили продолжуваат да ги таргетираат клучните непријателски командни и логистички објекти, се вели во соопштението на Генералштабот. Според извештајот, украинските ракетни сили и артилерија погодиле помошен команден пункт на руската 5-та армија во близина на Новопетривка во окупираниот регион…
Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им è јасен, граѓаните знаат што се случува. Разоткриенo е секое делче од ова договорено сценарио. Од режираната претстава на границата, со наочари и насмевка. Преку пречекот со камери, со медиумска поддршка на 40% од медиумите под контрола ВМРО преку Орбан, па се до одредувањето на куќен притвор од обвинителството и сдуството под контрола на ВМРО-ОКГ“, вели Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
Борче Трајковски: Кога си министер во власта, и бараш одговори од колега во МВР, од директори на АНБ и УБК, ако не знаеш дека за тие прашања нема да добиеш одговор, ондак ти не си за во оваа власт.















