Author: Zoran Ivanov

Руските сили во текот на ноќта извршиле нови напади врз неколку украински региони, при што загинала најмалку едно лице, а повредени се повеќе од десетина, меѓу кои и деца и постари лица, јавија регионалните власти, јавуваат новинските агенции и украинските медиуми.

Read More

Иран ги прогласи европските војски за „терористички групи“, објави денес претседателот на иранскиот парламент Мохамед Багер Галибаф, откако Европската унија ја стави Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) на листата „терористички организации“.

Read More

Дополнително, студии за застапеноста на теми поврзани со Кина во македонските медиуми покажуваат дека само мал дел од содржините во 2023 година се фокусираат на односите меѓу Северна Македонија и Кина, но тие што се, често ја третираат темата во контекст на мека моќ, образовни програми и културни аспекти, се посочува во анализа од НГО Инфоцентар.  Дијана Тахири Како што големите кинески инфраструктурни проекти, кредити и технолошки партнерства привлекуваат внимание низ Европа, Пекинг се свртува и кон потивок, но стратешки канал на влијание: образованието. Тоа вклучува студиски програми финансирани од државата, бесплатни школарини, стипендии, размена на студенти и активно учество на…

Read More

Кога лидерите покажуваат несериозност, тие ја нормализираат неодговорноста. Кога ги тривијализираат јавните настапи, ја тривијализираат и јавната доверба. А кога функцијата ја третираат како перформанс, ја учат јавноста дека политиката е спектакл, а не одговорност. (Џабир Дерала) Џабир Дерала Пред да им подарите уште некој час од својот живот на ТВ вестите денеска, прочитајте го овој текст. Ова не е прилог кон дневниот потсмев, ниту обид за персонализирана пресуда на политичките лидери и високите државни функционери. Станува збор за нешто пошироко и подлабоко – за одговорноста што ја носи јавната функција. Со децении гледам политичари и цели структури на власт…

Read More

Зоран Заев: Веќе пет години сум надвор од политиката, откако поднесов оставка од сите политички и државни функции. Пет години, речиси секој ден откако заминав, партијата ВМРО-ДПМНЕ, нејзиното раководство, нивните портпароли и медиуми не престануваат да се занимаваат со мене, ширејќи континуирани лаги, клевети и навреди.

Read More

Повеќе од 5.000 луѓе излегоа на улиците на Милано поради трошоците за домување и еколошките проблеми. Демонстрантите носеа транспаренти со кои осудуваа низа проблеми, од употребата на вештачки снег и сечење дрвја до кризата со домувањето во финансискиот и моден главен град на Италија.

Read More

Во рамките на фестивалот „Денови на литературата“ на „Арс Ламина“, во книжарницата на „Литература“ во „Дајмонд мол“, вечерва се случи промоција на книгата „Златната книга на Лудви“, прва од серијалот од пет книги за деца, инспирирана од животот и творештвото на големиот композитор Лудвиг ван Бетовен.

Read More

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.

Read More

Русија изврши  нов масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина во период на екстремно ниски температури. Имаше итни прекини на електричната енергија во повеќето региони, вклучително и во Кијив.

Read More

Второ, науката сугерира дека мораме проактивно да ги препознаваме тактиките на манипулација пред тие да нè нападнат. Оттука, нашата одбрана не е во задоцнетите деманти, туку во длабокото разбирање на тоа како работи оваа дигитална машина. Ова е всушност „Пребанкинг“ (Prebunking).

Read More