Author: Zoran Ivanov

Американскиот претседател Доналд Трамп даде зелено светло за законски предлог за нови санкции против Русија, изјави синоќа републиканскиот сенатор Линдзи Греам, по состанокот во Белата куќа. Како што пишува Политико, Сенатот би можел да гласа за тој предлог уште следната недела.

Read More

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „ТВ Алфа“ најави дека в четврток ќе ги покани политичките партии за лидерска средба, која би се одржала во период од седум до десет дена, пред неговото учество на Светскиот економски форум во Давос. Како што посочи, на средбата би се разговарало за постигнување политички консензус околу реформските закони, како и за можноста за укинување на техничката влада.

Read More

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека какво било распоредување британски сили според декларацијата потпишана со Франција и Украина ќе биде предмет на парламентарно гласање.

Read More

Американскиот шеф на дипломатијата Марко Рубио им порача на пратениците дека, и покрај сè поагресивната реторика, администрацијата не планира инвазија врз Гренланд, туку сака да го купи овој огромен остров од Данска. Оваа изјава, дадена за време на затворен брифинг во понеделникот, доаѓа во момент кога Белата куќа јавно не ја исклучува можноста за воена акција, а претседателот Трамп и неговите соработници одбиваат да ја исклучат можноста за заземање територија со сила.

Read More

Да се изјави дека “Македонија ќе поддржува постапки на стратешкиот партнер, какви и да биле тие!”, е навистина премногу. Нема сомнение дека “ние и Америка” сме толку силни што никој ништо не ни може, но, ние, сепак, сме во Европа, а заедничка моќ што ја имаме со САД, има нула значење во отсранувањето на блокадата кон Брисел. Сега ќе биде уште позабетонирана. Во Париз, во Братислава, во Мадрид…А колку може Будимпешта да ја турне браната, се виде и досега.

Read More

Зеленски го поздрави договорот како „суштински документи, а не само зборови“, а според Радио Слободна Европа, помеѓу 15.000 и 30.000 западни војници би можеле да бидат распоредени на терен „за да ја поддржат обновата на вооружените сили на Украина и да го поддржат одвраќањето“. Франција и Обединетото Кралство би го обезбедиле најголемиот дел од војниците, додека Турција би била задолжена да го обезбеди Црното Море, „со предложената поддршка од САД“.

Read More

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презема активности за целосно утврдување на околностите поврзани со фотографиите на кои се гледа верски обред врз службени полициски возила во кругот на Министерството.

Read More

Обединетото Кралство и Франција ќе воспостават „воени центри“ низ цела Украина по прекинот на огнот за да овозможат распоредување на сили и да изградат безбедни објекти за сместување на оружје и воена опрема за поддршка на одбранбените потреби на Украина.

Read More

Весникот истакнува дека актуелните случувања, вклучително и падот на режимите поддржани од Москва од Сирија во Венецуела, го ставаат Кремљ пред „тешка геополитичка реалност“. Русија наводно им понудила на Соединетите Американски Држави неформална размена на влијание во светот пред седум години, дозволувајќи им на Американците слобода на дејствување во Венецуела во замена за „слободна рака“ на Москва во Украина, пишува „Њујорк тајмс“ (NYT). Понудата е претставена како логика на големите сили дека секоја од нив ја зачувува својата зона на влијание во својата географска средина. Фиона Хил, тогашна заменик-шефица на Советот за национална безбедност на САД за руски и европски прашања, сведочеше…

Read More