Author: Zoran Ivanov
Францускиот претседател Емануел Макрон во четвртокот изјави дека „САД се ослободуваат од меѓународните правила“ и „постепено се оддалечуваат“ од дел од своите сојузници, објави „Јуроњуз“.
Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, седум или се во петок или понеделник и се поврзуваат со викендот, или пак се во недела и согласно Законот неработните денови се префрлаат во понеделник.
Сè заврши за секунда. Беа испукани најмалку два истрели, но оваа фатална пукотница започната од агент на ICE ќе има долготрајни последици.
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер остро ја критикуваше надворешната политика на САД под претседателот Доналд Трамп и го повика светот да не дозволи светскиот поредок да се претвори во „дувло на разбојници“ каде што бескрупулозните земаат што сакаат.
Приштина: Како што наведува косовскиот медиум, екс-функционерот, кој е во бегство од декември 2024 година и е ставен на црната листа на Соединетите Американски Држави, се преселил во област недалеку од центарот на косовскиот главен град, во придружба на две деца. Извор на новинската агенција „Косова прес“ тврди дека вчера попладн
Соединетите Американски Држави не ја потпишаа декларацијата за безбедносни гаранции за Киев усвоена по состанокот во Париз, објави Политико.
Хелсинки: Финската компанија Donut Lab на CES 2026 е подготвена за масовно производство на првата батерија од цврст електролит за OEM возила.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека нема да има средба за техничката влада со, како што рече, „криминалци кои се обидуваат да ја узурпираат државата“, обвинувајќи ја власта дека бара алиби за распишување предвремени избори.
Министерот за туризам, „културно“, но доста ехидно и веќе видено (за Велигден), сега им ја честиташе Новата година и божиќните празници на вработените во културата со честитка во форма на „Упатство“, со кое ПОВТОРНО се обидува да го поништи она што судот веќе јасно и недвосмислено го утврди: дека платите во културата мора да се зголемат согласно член 14 став 1 од Општиот колективен договор, односно за 10% од основната бруто плата утврдена со Колективниот договор за културата.
Панче Тошковски секако е во небрано – ако некој во самото министерство можел, случајно или намерно, да му смести таков скандал без тој да знае, министерот би морал веднаш да понуди оставка бидејќи очигледно нема никаква контрола и не знае што се случува во МВР. Утре некој може одвнатре да му изведе и друг сличен „хибриден напад“, да му направи и посериозна, безбедносна или поинаква местенка.
Од 10 часот по македонско, 11 по локално време се очекува грчките земјоделци да го затворат граничниот премини Ники (Меџитлија) кон нашата земја, а еден час подоцна и Евзони, во рамките на 48-часовната блокада, односно денеска и утре да се блокира целата национална патна мрежа, споредните патишта и клучните патни правци
Руските напади врз енергетската инфраструктура на Украина доцна во средата оставија големи делови од Дњепропетровск, Запорожје и околните региони без електрична енергија, вода, греење или комуникации, зголемувајќи ги стравувањата од хуманитарна катастрофа бидејќи температурите се очекува да паднат под нулата, пренесува „Кијив пост“.















