Author: Zoran Ivanov
По квалификацијата на граѓаните на Македонија како „талог на општеството“ актуелниот премиер Мицкоски, во новогодишно интервју ја продолжува својата кампања на поделба на народот, нарекувајќи ги сите неистомисленици „медиокритети“.
Претседателот на иранскиот парламент одговори на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека сите американски бази и сили ќе бидат легитимни цели ако САД го нападнат Иран.
Македонецот Стивен Ивановски, кој се водеше како исчезнат во страшниот пожар во Кран Монтана е пронајден мртов, неофицијално јавува „Фокус”.
Берлин: Над 50.000 домаќинства и околу 2.000 комерцијални згради останаа без електрична енергија поради пожар на кабелска инсталација на југоистокот од Берлин во близина на електраната Лихтерфелде. Во моментов, температурите се ниски во Берлин, а сообраќајот е отежнат поради обилни снежни врнежи, објави Ројтерс.
Според Давид Смолански, портпарол на венецуелската опозициска фигура Марија Корина Мачадо, која е и добитничка на Нобелова награда за мир, американските сили, за време на нивната полноќна операција, нападнале најмалку две воени бази во Каракас, пристаништето и комуникацискиот центар во градот.
Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел Бермудез објави на социјалните мрежи дека неговата земја го осудува „криминалниот напад од страна на САД“ врз Венецуела и повика на итна осуда од страна на меѓународната заедница за она што го опиша како „државен тероризам против храбриот венецуелски народ и против Наша Америка“.
Сопственикот на барот „Констеласион“ во Кран-Монтана, изјави дека инспекцијата го прегледала неговиот објект три пати во десет години и дека „сè било направено според стандардите“.
Потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез, изјави дека властите во моментов не знаат каде се наоѓаат претседателот Николас Мадуро или првата дама Силија Флорес, пишува „Дејли мејл“. Како што рече таа, владата бара „итен доказ дека се живи“ и за Мадуро и за неговата сопруга. Оваа изјава доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп претходно објави дека САД извршиле обемни воени напади врз Венецуела и ги заробиле претседателот Мадуро и неговата сопруга. Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп рече дека Мадуро и Флорес биле заробени и изнесени од земјата во операција спроведена со учество на американските агенции за спроведување на законот.…
Силите на САД погодија повеќе цели во Венецуела – експлозии во Каракас: Што е познато досега
Контекст, хронологија и меѓународни реакции
Опозициската СДСМ оценува дека 2026 година ќе биде економски тешка за граѓаните, со буџет кој, според партијата, веќе покажува сериозни дупки и недостиг од средства за клучни социјални и економски мерки.
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Соединетите Американски Држави спровеле, како што наведе, „масовни воени напади“ врз Венецуела и дека во рамки на операцијата биле заробени претседателот на земјата Николас Мадуро и неговата сопруга.















