Author: Zoran Ivanov
Прашањето на кој јазик треба да биде изготвен Акцискиот план за правата на заедниците е внатрешно прашање на Северна Македонија и не претставува тема на билатералните односи, соопштија од Министерство за надворешни работи на Бугарија, реагирајќи на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски во врска со овој документ.
Венецуела оддаде почит на 32 кубански државјани кои загинале во американски напад, наведувајќи дека тие ги дале своите животи извршувајќи ја својата должност.
Кинескиот претседател Шји Џјинпинг изјави дека светот се наоѓа во период на нестабилност и промени и предупреди дека едностраните и насилнички акции сериозно го нарушуваат меѓународниот поредок, пренесе кинеската државна телевизија Си-Си-Ти-Ви.
Венецуела влегува во нова и неизвесна ера по ненадејното апсење на Николас Мадуро, претседател на земјата во последните 12 години. Среде широко распространетата вознемиреност за тоа што претстои, улиците на главниот град Каракас и другите градови остануваат мирни, според Си-ен-ен.
На прашањето дали нападот врз Венецуела и подготвеноста за воена акција за преземање контрола над Гренланд се поврзани, Трамп одговори дека тоа е на другите да го проценат.
Вашингтон: Американскиот претседател Доналд Трамп објави листа на социјалната мрежа Truth Social која покажува дека 41,3 отсто од албанските семејства што живеат во САД примаат социјална помош.
Претседателот не смее сам да нè води во војна, дури и против диктатор како Мадуро, вели американскиот сенатор во острата реакција
Поради прекин на летовите низ цела Грција поради технички проблем со радиокомуникациите со авионите, аеродромот во Солун денеска е целосно затворен бидејќи комуникацијата во воздушниот сообраќај е прекината, пишува Би-Би-Си.
Со 48-часовна блокада на целата национална патна мрежа, на споредните патишта и на клучните патни правци во Грција, како и на граничните премини, но веројатно само за камиони, в четврток и петок грчките земјоделци ги продолжуваат нивните активности по празниците, согласно одлуките што ги донесоа на повеќечасовниот состанок одржан денеска со учество на претставници на 62 блока од целата земја.
Американскиот државен секретар тврди дека интервенцијата и апсењето на Мадуро биле насочени против нарко-картелите и странското влијание, а не против венецуелскиот народ.
Швајцарските експерти досега идентификуваа 24 од 40-те загинати во катастрофалниот пожар во барот во швајцарскиот алпски центар Кран-Монтана, кој се случи на Нова година. Меѓу идентификуваните жртви е и најмладата – 14-годишно девојче, соопшти денеска полицијата, според Би-би-си.
Венецуелски извори и американскиот веснок објавуваат прелиминарни податоци за жртвите од саботната воена операција.














