Author: Zoran Ivanov

Во келијата на првообвинетиот Дејан Јованов, сопственик на дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде на 16 март годинава избувна пожар во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени бил пронајден мобилен телефон со сим картичка.

Read More

(Историја на развојот на вештачката интелигенција) Од првото трепкање на електронските кола во Кијив, до огромните невронски мрежи на денешницата, приказната за вештачката интелигенција е човечка одисеја — огледало на нашата имагинација, амбиција и желба да се разбереме себеси преку умовите што ги создадовме. Џабир Дерала Вештачката интелигенција (ВИ) е родена од умовите на научници, визионери и уметници – и, до одреден степен, од манипулатори кои трчаат по слава и пари. Приказната за ВИ започнува речиси паралелно со раѓањето на компјутерската технологија. Денес, сакам да ви раскажам неколку од тие приказни – увиди во сториите што јас и мојот пријател ChatGPT ги…

Read More

Камерите ја снимија реакцијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, дека рускиот претседател Владимир Путин „сака Украина да успее“.

Read More

Едно од најчувствителните прашања, според американскиот претседател, останува територијата, особено регионот Донбас. Трамп посочи дека дел од територијата веќе е заземена, а дел би можел да биде предмет на понатамошни преговори, порачувајќи дека за Украина е „подобро договор да се постигне сега“

Read More

Партијата на премиерот Албин Курти победи на вчерашните парламентарни избори во Косово, а прелиминарните официјални резултати сугерираат дека освоила близу 50 отсто од гласовите, што потенцијално би можело да го прекине политичкиот застој кој ја парализираше земјата.

Read More

Светските новински агенции и посебно американските телевизии кои на средбата на Флорида и` придаваат посебна важност,. јавуваат дека Зеленски пристигнал на средба со американскиот претседател Трамп во одморалиштето Мар-а-Лаго во Флорида и дека епилогот е неизвесен посебно по денешниот телефонскиот разговор на Трамп со Путин за кој американскиот претседател рекол дека  бил конструктивен.

Read More

Граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција и денеска ќе биде затворен за сообраќај за сите возила во периодот од 11 до 15 часот и од 17 до 21 часот по македонско врем, поради блокадите поставени од грчките земјоделци.

Read More

Пекинг: Кинеското кибернетско регулаторно тело во поднесе нацрт-регулативи за јавна дебата со кои ќе се засили надзорот врз услугите за вештачка интелигенција кои ја имитираат човечката личност и се вклучуваат во емоционална интеракција со корисниците. Овој потег ги нагласува обидите на Кина да го регулира брзиот развој на вештачката интелигенција ориентирана кон корисникот преку зајакнување на безбедноста и заострување на етичките барања.

Read More