Published: Sunday, December 28, 2025 18:44
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека имал добар и многу продуктивен телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.
Соопштението доаѓа пред средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, која е закажана да се одржи денеска подоцна во резиденцијата на Трамп во Мар-а-Лаго во Флорида.
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, ја потврди оваа информација за државните новински агенции но без притоа да даде дополнителни детали.




