Author: Zoran Ivanov
Антикорупциска отвори предмет за обвинувањата на СДСМ за семејната поврзаност на компанијата „Сити аутсорсинг“ со директорот на СОЗР Ивица Томовски и добивањето на 161 јавна набавка, вели во интервју за РСЕ претседателот Адем Чучуљ.
Во буџетот нема пари. За првпат во историјата, утре, 15 декември, се затвора Трезорот. Државата доцни со сите исплати: нема пари за плати, пензии, социјална помош, породилно, нема ни за поврат на ДДВ. Дупката изнесува најмалку 1 милијарда евра, кажа денеска на прес конференција, Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ.
Украина е подготвена да се откаже од своите амбиции за членство во НАТО во замена за силни западни безбедносни гаранции како дел од компромис за прекин на војната со Русија, изјави претседателот Володимир Зеленски пред разговорите со американските претставници во Берлин.
„ДПМНЕ не ја прифати подадената рака на СДСМ за заедничко потпишување на Резолуцијата и со една одлука на Собранието граѓаните да бидат сигурни дека мигранти во Македонија нема да има.
Силни експлозии се пријавени во складиште за нафта во Крим и во неколку енергетски и индустриски објекти во Русија за време на украински напад со беспилотни летала, објавија медиумите.
По директниот разговор меѓу црногорскиот премиер Милојко Спајиќ и францускиот претседател Емануел Макрон, на Црна Гора ѝ се отворени вратите за затворање на пет преговарачки поглавја во пристапните преговори со Европската Унија (ЕУ) до крајот на оваа година. Меѓувладината конференција на која тоа ќе биде формализирано, како што беше најавено претходно, ќе се одржи во вторник, јави Радио телевизија Црна Гора (РТЦГ).
Најмалку две лица се убиени, а девет се повредени во вооружен напад што се случи во саботата попладне на кампусот на Универзитетот „Браун“ во Провиденс, сојузната држава Род Ајленд. Локалните власти информираат дека осомничениот напаѓач сè уште не е идентификуван и е во бегство.
ЗНМ, супер ова денеска соопштениево ваше антипартиско, така треба, партиите подалеку од медиумите, туку ЗНМ, без пак да се вадите на СЕМ, ајде сега едно стегнете и за редакцискиве пропагандисти партиски стигматизерски анти новинарски, ајде исто вака – мушки!! Извор: Фејсбук
Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава до надлежното јавно обвинителство против Е.П., адвокат од Штип, како и против Д.Д., И.А., Г.Т. и Х.С., полициски службеници од Штип и Кочани, поради сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“. Според пријавата, пријавените во текот на Септември 2025 година преземале дејствија со кои било отежнато и спречено прибирањето на докази во кривична постапка. Против полициските службеници ќе биде поведена и дисциплинска постапка.
Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 33. Марш за ангелите директно му се обратија на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција барајќи одговор зошто е пробиен рокот за поднесување на обвинение за полициските службеници опфатени со истрагата за трагичниот пожар.
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, викендов ќе отпатува за Германија на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери, како дел од новата рунда разговори на високо ниво за завршување на војната, пренесува „Волстрит џурнал“.















