Author: Zoran Ivanov
Кренар Лога: Доколку премиерот Христијан Мицкоски смета дека изјавите на д-р Венко Филипче претставуваат сеење страв и основ за кривична одговорност, тогаш, согласно истиот принцип, надлежните институции треба да ги разгледаат и континуираните јавни настапи на премиерот Мицкоски во кои повеќе од две години се упатуваат пораки што зборуваат за наводна дестабилизација на државата. Извор: Фејсбук
Забок: Пожарот што синоќа избувна во објект на хрватската компанија „ЦИАК“ во Забок, која складира и третира опасен отпад, е ставен под контрола, соопшти претседателот на Противпожарната заедница на Крапинско-загорската жупанија, Стјепан Скулибер, пренесуваат тамошните медиуми.
Може да се заклучи дека проширувањето на ЕУ има тенко, но реално мнозинство на поддршка на ниво на Унијата. Постои јасна географска и политичка линија на поделба меѓу Исток / Југ и Запад / Север. Процесот на проширување ќе остане политички чувствителен, со потреба од силна аргументација и внатрешна консолидација во ЕУ. Оваа структура на ставови има директни импликации за кредибилитетот и темпото на идното проширување.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски во петокот изјави дека ги посетил трупите кои ги одбиваат руските напредувања кај опколениот град Купјанск, за кој Москва минатиот месец тврдеше дека повторно го зазела, но Киев негира, објави АФП.
Европската Унија реши средствата на Руската централна банка да останат замрзнати на неопределено време.
Маја Димитрова, едукатор и реализатор на програмата „Патувања“ вели дека децата и на овој проект покажаа инвентивност и креативност и дека денеска денот им бил посебно среќен.
Марјан Забрчанец: ВИ не е само алатка за манипулација, туку поле на судир зашто истите технологии што ги користат авторитарните режими и архитектите на дезинформации, може и мора да се користат од новинарите, граѓанските организации и демократите за одбрана на вистината. Добар новинар со ВИ може побрзо да верификува информација. Едукатор со ВИ може да создаде персонализирани содржини за медиумска писменост. Активист со ВИ може да ги разоткрие кампањите на дезинформации и нивните извори, но ако демократскиот свет остане пасивен додека автократите ги градат своите ВИ системи, битката ќе биде загубена уште пред да започне.
Тони Поповски: Во однос на очекувањата од Европската Унија, би сакал да се придружам на оние гласови кои се залагаат за една фундаментална и моќна идеја: демократијата да се третира како европско јавно добро, исто како безбедноста, енергијата или климатските акции. Препознавање на демократијата како заедничка европска инфраструктура и обезбедување одржливи инвестиции во демократските институции, медиумите од јавен интерес, дигиталната писменост, граѓанското учество и механизмите за владеење на правото. Вградување на демократијата во следниот буџет на ЕУ – не како мала програма, туку како основа на безбедноста, конкурентноста и социјалната кохезија на Европа, Извор: ЦивилМедиа.мк
Опозицијата се обединува против, како што беше наведено, тајните договори на Владата предводена од ДПМНЕ за прифаќање мигранти, соопшти претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека Украина ќе мора да донесе тешки одлуки, вклучително и можни територијални загуби, со цел да ги прекине борбите и да спречи понатамошни загуби, објави Си-eн-eн Турк.
Емануеле Ерикиело: Проблемот е што нападот на демократскиот поредок и демократските слободи е истовремено од две страни: однадвор и одвнатре, и тоа е нешто за што мора добро да размислиме.
Две лица се хоспитализирани во гостиварската болница по пад на мал спортски авион во водите на Мавровското Езеро, информираа од СВР Тетово.














