Author: Zoran Ivanov
Александар Маџаровски: Додека Албанија го отвора последното поглавје во преговорите за влез во ЕУ, кај нас премиерот се шета низ Скопје со градоначалникот и кажува дека светилките на плоштадот убаво светат и дека не фали ниедна. Кај нас премиерот на најнеспособната влада во историјата на Македонија нѐ брани од Бугари, од Грци, од сите замислени непријатели кои ‘се обидуваат да не уништат‘ и кои му требаат за да го дефокусира народот од тоа што навистина го прави, а тоа е дека всушност ништо не прави и ја оддалечува земјава од некаква пристојна иднина. Неговата партија е најголемиот антимакедонски фактор и…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска испрати висока делегација на Пентагон во Кијив на разговори со цел оживување на преговорите за завршување на војната во Украина, објави „Волстрит џурнал“ (WSJ), повикувајќи се на високи американски претставници.
Атина: Вкупно 231 украдено или возило со фалсификувани податоци и документи, било откриено во Грција во рамките на заедничката европска операција со учество на 23 земји меѓу кои и нашата за борба против организираниот криминал што таргетира кражби на возила.
Варшава: Полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски изјави дека ќе ја повлече согласноста за функционирање на последниот активен руски конзулат во Полска, оној во Гдањск, како одговор на саботажата на железничката линија изминатиот викенд.
Белата куќа има мировен план за Украина и тоа во соработка со Русија, објави американскиот портал Аксиос.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче во однос на повиците да поднесе оставка посочи дека ВМРО-ДПМНЕ наместо да се занимаваат со СДСМ, треба да се погрижат да ги решаваат проблемите на граѓаните и да се посветат на реформите.
„Не е важно само кој го запалил огнот, важно е кој имал вода и не ја истурил“, изјави обвинителот Борче Јанев во воведниот збор на денешното судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, нагласувајќи дека катастрофата не е резултат само на пиротехниката, туку на серија институционални пропусти и неодговорност.
Весна Костовска: Многу граѓани на Македонија се чуствуваат немоќни затоа што се ,,мали” луѓе. Затоа што зависат од некои ,,поголеми”. Тие ,,поголемите” лицемерно тврдат дека се заинтересирани, дека се грижат за ,,малите” луѓе …
Во граѓански устав со јасна изразена етничка припадност за македонскиот народ, и деловите од народите, нема место за “пресликување” на туѓи ситуации во наш општествен контекст. А, најмалку има простор за привидна етничка доминација, во опасната гео-стратешка и регионална “празнина” надвор од единствениот политички, култоролошки, цивилизациски демократски систем на владеење на правото и слободата; како што е системот на Европската Унија.
Според податоците од Европската централна банка (ЕЦБ) многу банки нудат бесплатни услуги во рамките на еврозоната. На пример, за вадење пари од банкомат во друга земја членка на ЕУ, банката не смее да наплаќа повеќе од домашната провизија, што често е бесплатно или под 1 евро.
Калесија: Во пукотница што се случила рано утрово во градчето во Босна и Херцеговина, еден од ограбувачите на златарница е застрелан, а како што дознава порталот „Аваз“, тој е пронајден мртов.
Постапката за пожарот во Кочани и постапката против сопственикот на агенцијата за обезбедување Рубикон се споени. Одлуката е донесена на денешното прво рочиште за пожарот во Кочани.















