Author: Zoran Ivanov
Мене ми се чини дека тој е излезен од зоната на дозволените политички имагинации и креации и е навлезен во зоната на нешто што можеме да го окарактеризираме како злосторнички потфат. Тој ми изгледа како шеф на тој потфат. Но ова што, охрабрени од Извештајот на ЕУ, денеска го направија Судскиот совет, Советот на јавните обвинители и Врховниот суд, не е спрдачина, потсмевање и омаловажување, а најмалку од се е исмејување на премиерот, туку холифилдски директ во неговата глава.
Германија ќе обезбеди најмалку 150 милиони евра (174,9 милиони долари) за нов пакет американско оружје што ќе биде доставен до Киев во рамките на иницијативата на НАТО за помош на Украина наречена Листа на приоритетни барања за Украина (ПУРЛ), изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус по состанокот со неговите колеги од Велика Британија, Франција, Италија и Полска.
Иако од болницата им порачаа дека докторот е суспендиран и за него е покрената кривична пријава, собраните граѓани бараа повисока казна со паролата дека убивањето куче е исто како и убивањето дете и дека треба да се казни суровоста со која кучката Маја е прегазена.
Пратеникот од ДУИ Блерим Беџети, кој три мандати беше градоначалник на Сарај денеска на прес-конференција во Собранието се осврна на кривичната пријава, што вчера беше покрената против неколку лица, меѓу кои е и тој, за проневера на 108 милиони денари или 1,7 милиони евра, нагласувајќи дека станува збор за политички монтирана и правно неоснована. Според него пријавата е дел од организирана хајка, режирана од власта и директно од премиерот Христијан Мицкоски, со, како што посочи, јасна цел да се врши притисок врз него како пратеник за да се зголеми мнозинството.
Ова не е само уште еден документ со бројки и табели, ова е економска порака за стабилност, доверба и развој, како и јасен доказ за одговорното управување со јавните финансии што го воспоставивме и го продолжуваме со полн капацитет, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која пред матичната собраниска Комисија го образложува Предлог-буџетот за 2026 година.
Сметав дека е потребно да апелирам до вас уште еднаш да го разгледате предлог-буџетот за 2026 и да ги зголемите финансиите за Јавното обвинителство. Средствата кои ние ги бараме не излегуваат надвор од законски предвидените рамки и ни се неопходни за ефикасна работа, апелираше државниот обвинител Љупчо Коцевски пред пратениците.
Белград: Тешка сообраќајна несреќа се случи денес во Бањица кога автомобил се судри со група луѓе.
Иако сите редакции прават грешки, кога Би-Би-Си прави грешки, тоа често резултира со притисок врз нејзиниот главен уредник – генералниот директор. Кети Разал Целата приказна за тоа што точно предизвика пад на генералниот директор на Би-Би-Си и на извршната директорка на Би-Би-Си на редакцијата за вести веројатно ќе излезе на виделина. Но, нешто од тоа, според мене, не се доведува во прашање: објаснувањето на Тим Дејви дека една од неговите главни причини за оставката била да го плати личниот данок на петгодишната работа, која, особено во претходната година, била предизвикувачка и полна со грешки. Во електронската пошта за оставката упатена…
Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат
Во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, утрте, сабота, во Скопје ќе се одржи новиот протестен „Марш за ангелите“. Маршот на семејствата на загинатите, кои инаку секоја сабота маршираат во Кочани, овој пат ќе започне во 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, од каде што учесниците ќе продолжат кон Собранието и Основниот кривичен суд Скопје. Нашите деца умреа на 16 март. Шеесет и три деца кои никогаш повеќе нема да ги видиме. Не бараме милост, туку вистина и правда. Болката е наша, но борбата е за сите нас. Ни треба ваша поддршка,“ порачаа семејствата…
Веќе подолго време Вашите коментари кои ги давате за судиите и судството ја преминаа границата на доброто однесување и преминаа во неаргументирани и паушални напади.
Едно лице загина во ноќешниот руски напад врз Кијив и Кијивскиот регион, додека 24 лица се повредени, вклучувајќи и десетгодишно дете, објави началникот на воената администрација на Кијив, Тимур Ткаченко.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека неговите сили користеле украински крстосувачки ракети со долг дострел „”Long Neptune” “ против цели во Русија во текот на ноќта, додавајќи дека ваквите напади стануваат сè поуспешни од ден на ден.














