Author: Zoran Ivanov
Иако формално буџетот изгледа зголемен, суштинската анализа покажува дека средствата за најважните програми се драстично скратени, порача пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, во своето обраќање пред собраниската Комисија за финансирање и буџет коментирајќи го предложениот Буџет за 2026 година.
Се случи еден од најголемите и најшокантни скандали во здравството, откриени се најмалку 10 непотребни операции на срце. Но се уште нема кривични пријави и нема целосни информации во јавноста. Како е можно за ваков скандал без преседан, министерот да го презентира случајот на ваков начин, без целосни информации и без никакви пријави?, праша денеска на прес-конференција, Симона Цветановски, членка на Извршниот одбор на СДСМ.
Бранко Тричковски: Тоа што се случува и кај нас и во светот на високиот бран на ултрадесниот популизам со фашистички бои, само укажува на смртоносната опасност за народите за луѓето и за цивилизацијата, пострашна од атомската бомба односно укажува на потребата луѓето да бидат порелаксирани кога се повикуваат на една земја, на еден народ или раса, ако веќе не можат да престанат тоа да го прават. Македонците се први кои од тоа треба да извлечат заклучок. Во тоа се крие дел од животот што требаше и треба да го уништат за да се задржат себе си на полето за културен…
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на комисиската расправа , предложениот буџет го оцени како неконзистентен, нереален и директно штетен за економијата и граѓаните.
Правдата и вистината да излезат на виделина, кој се има одговорност, да се дознае кој можел да спречи, а не го направил тоа, кои институции задоцниле со реакција, да преземат мерки и да се направи се ваква трагедија никогаш повеќе и никому да не му се случи, побараа денеска родителите на починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 30. „Марш за ангелите“, кој овојпат се одржа во Скопје. Маршот почна на пладне на плоштадот „Македонија“, од каде што продолжи кон Собранието, а потоа учесниците се упатија пред Основниот кривичен суд Скопје. Пред македонското Собрание се обрати Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на…
Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025
Вашингтон: Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека следната недела во САД најверојатно ќе поднесе тужба против Би-би-си и ќе бара отштета од една до пет милијарди долари поради монтажа на неговиот говор од 6 јануари 2021 година, денот кога неговите поддржувачи го упаднаа во Капитол.
Марјан Забрчанец: ВМРО-ДПМНЕ си игра “six-seven” мајтап со членството на Македонија во ЕУ.
Уставниот суд јавно го повика Собранието да го коригира Кривичниот законик, а рокот што го постави е крајот на годината. Истовремено, Владата и Народната банка испраќаат пораки за финансиска и економска стабилност, а локалните избори ја зацврстија доминацијата на владејачката партија.
Во организацијата на Здружението на граѓани „16 Март 2025“ од Кочани и иницијативата „Кој е следен“, денеска, со почеток во 12:05 часот ќе се одржи 30. протестен марш „Марш за ангелите“ кој ќе започне од плоштадот „Македонија“.
Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, во вчерашаната емисија „Аргумент +“, на ТВ 24, изнесе уште еден скандал поврзан со директорот на Платежната агенција, а во кој се открива поврзаноста на акуелниот министер за земјоделство, Цветан Трипуновски и директорот на Платежната агенција Стоилев. Николовски посочи дека првиот договор што го потпишал министерот за земјоделство Трипуновски, за доделување земјоделско земјиште бил на ќерката на директорот на Платежната агенција.















