Author: Zoran Ivanov
Ирска денеска го презема шестмесечното претседателство со Советот на Европската Унија од Кипар, за време на кое една од главните теми ќе биде буџетот за следниот седумгодишен период.
Европската Унија денеска го укина ослободувањето од царински давачки за пратки во вредност помала од 150 евра, што значи дека потрошувачите кои купуваат евтина стока од земји надвор од ЕУ ќе плаќаат повисока царина.
Две лица загинаа, а петмина беа повредени во руски напад со беспилотно летало врз автобус за јавен превоз во Херсон. Нападот се случил околу 7 часот утрово во централниот округ на градот, објавија локалните власти, според „Украинска правда“.
Од печат излезе книгата „Quo vadis, Професоре?“ (разговори во политичкиот етер со професор емеритус Димитар Мирчев) на Свето Стаменов, политиколог, поранешен новинар на Македонското радио – Радио Скопје и несомнено еден од најплодните македонски публицисти. Книгата е посветена на десетгодишнината од смртта на проф. д-р Димитар Мирчев (1942–2016), универзитетски професор, научник и автор на повеќе од 180 научни трудови, несомнено еден од најистакнатите не само македонски, туку и европски политиколози, дипломат и општественик, човек кој се вгради во темелите на самостојна и независна Македонија. Книгата „Quo vadis, Професоре?“, распослана на 515 страници Б5 формат, содржински е поделена на четири дела.…
Дехран Муратов: Би кажал и јас нешто за тетовскиот базен, ама ми текна дека години наназад на Ромите им бил ЗАБРАНЕТ влез во базените без разлика дали се мажи, жени или деца … Борците за човекови (женски) права, кои сега ја користат фразата …”Како може во 21 век”…, досега мудро си мочеа и не „детектирале” дискриминација, сегрегација, бла бла! И да, човеково право е да има право на избор, ако некоја жена сака да оди во базен каде што нема мажи – тое е нејзино право. Системот треба да и го овозможи тоа право, без разлика дали тоа му се…
Премиерот Христијан Мицкоски попладнево за телевизија Телма потврди дека во владината рекоснтрукција Министерството за здравство ќе го добие кадар на ВМРО-ДПМНЕ, Министерството за правда оди кај коалицискиот албански партнер Вреди, а ЗНАМ ќе го добие Министерството за земјоделство.
Украина соопшти дека повторно го погодила сателитскиот комуникациски центар во Дубна, северно од Москва, кој според претседателот Володимир Зеленски се користи за координација на руските воени операции.
Со новиот Закон за игрите на среќа, казината и објектите за игри на среќа ќе мора да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта, соопшти ВЛЕН.
Состојбата во Венецуела по серијата катастрофални земјотреси останува крајно тешка, додека бројот на исчезнати лица достигнува над 43.000, според податоци објавени преку службата за евиденција на исчезнати лица. Според најновите информации, сè уште нема никаков контакт со 43.251 пријавено лице, иако оваа бројка бележи благ пад во однос на претходниот ден.
Христијан Мицкоски вчера тврди дека опозицијата го блокира Изборниот законик затоа што е „уплашена од успесите на Владата“. Изгледа дека почна да верува на сопствените лаги, велат од СДСМ.
Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам. На најновата светска ранг-листа на УЦИ, Иванова се искачи на 33. место во светот. До овој извонреден резултат Дуња стигна по успешните настапи на трите Светски купови од престижната HERO World Cup серија – Коста Бланка во Шпанија, Елба во Италија и Натурланд во Андора како и по трката во Кастро, Италија и одбраната на титулата државен првак во МТБ маратон. Настапот во Андора имаше особено значење, бидејќи токму таму Иванова обезбеди квалификација за претстојното Светско првенство во…















