Author: Zoran Ivanov

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на самитот на НАТО кон крајот на јуни. Информацијата ја потврди портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит на денешната прес-конференција.

Read More

Данела Арсопвска: Фирмата Адријус од Глумово, општина Сарај која вчера ја затекнавме во вршење на кривично дело бесправна градба и ископ на нелегален приклучок од фекална во атмосферска канализација на бул. Словенија доби соодветна казна од градот Скопје и пријава за вршење на кривично дело до соодветните институции. Чекаме на ОЈО и МВР да превземат мерки и да постапат согласно пријавите, а како обртот на фирмата од 45 милиони евра ќе влијае на постапката не знаеме. Извор: Фејсбук

Read More

Денешните разговори меѓу Украина и Русија во Истанбул доаѓаат само неколку дена откако републиканскиот сенатор Линдзи Греам објави нов закон за санкции кој би можел да има сериозни последици за Москва и нејзините трговски партнери.

Read More

Во Брисел денеска и утре се одржува нова рунда од дијалогот помеѓу Белград и Приштина, кој се води под посредништво на Европската Унија. Разговорите се на ниво на главни преговарачи, информира портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика, Ануар ел Ануни.

Read More

Се појавија првите сателитски снимки кои ги покажуваат последиците од големиот украински напад со беспилотни летала врз руската воздухопловна база Белаја во регионот Иркутск, откривајќи сериозна штета на руските флоти на стратешки бомбардери, објави онлајн консултантот за геопросторно разузнавање Крис Бигерс.

Read More

Русија предлага, откако ќе почне да се работи на договор, да се објави две до тридневно примирје, телата на загинатите да се довезат до „сивата зона“, и предлага да предаде 6.000 тела на украински војници. Кога Украина ќе го потпише Меморандумот со конкретни датуми за исполнување на сите точки и ќе почне да ја повлекува својата војска, Украина може, според рускиот предлог, да смета на 30 дена прекин на огнот, за кое време мора целосно да ги повлече своите војници на растојанија од границите на Русија кои ќе бидат договорени.

Read More

Карол Навроцки победи на претседателските избори во Полска откако освои 50,89 проценти од гласовите во вчерашниот втор круг од изјаснувањето, објави изборната комисија врз основа на 100 проценти од преброените гласачки ливчиња.

Read More