Author: Zoran Ivanov
Москва: Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за пролетен повик за мобилизација, со кој се планира да се мобилизираат 160.000 војници на возраст од 18 до 30 години.
Политичари и партиски претставници од неколку европски земји ја осудија одлуката на Францускиот суд со која Марин Ле Пен од десничарската француска партија Национален собир е осудена на четири години затвор поради проневера на средства од европски фондови.
Брисел: Европскиот парламент е информиран за одлуката на судот во Париз, кој донесе пресуда за измама (во случајот против Марин Ле Пен), истакна денеска на прес-конференција портпаролот на институцијата, одговарајќи на новинарско прашање.
Иван Пешевски: Пратениче бране, синдикалците се финансираат од синдикална членарина – плата утврдена од органите и телата на синдикатот, за разлика од тебе со пари од Буџет. Ги опљачкавте граѓаните по сите параметри и уште без срам кажувате како е многу 500 евра минимална плата. Убедливо последно место сме во Европа. 500 евра е далеку од плата доволна за живот туку бараме тоа е да основица за пресметка на останатите плати и не треба и не смее да има вака слабо платени работници ни во јавен, а уште помалку во приватен сектор. Цела младина се отсели поради тие мизерни плати…
Деца во градинката „Брајт Кидс“ во градот Киаукс јужно од Мандалеја, спиеле кога во петокот попладне удри разорниот земјотрес во Мјанмар. Двокатната зграда се срушила а десетици малечки на возраст од 2 до 4 години спиеле и останале заробени во рушевините. Со часови спасувачите ги прекопувале руините, очајнички трагајќи по преживеаните.
Берни Сандерс: Со турнејата против олигархијата, се обидувам да се спротивставам на агендата на претседателот. Се обидувам да им ставам до знаење на луѓето низ целиот свет и низ нашата земја, дека американскиот народ нема да седи мирно и да му дозволи на Трамп да воспостави олигархиска форма на влада каде што Маск и другите милијардери ќе ја водат нашата земја. Извор: This Weeк
Анкара: Повеќе од 60 проценти од Турците сакаат предвремени избори, покажуваат резултатите од најновата анкета реализирана по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу и масовните протести.
Тито Петковски: Вицот на денот го прочитав на Тајм.мк: ВМРО ДПМНЕ ги обвини претседателите на УПОЗ и ССМ дека не се грижат за граѓаните туку само за нивните лични интереси.
Ако почне да губи во војна во која се користи конвенционално оружје, Русија ќе употреби нуклеарно оружје во Украина. Тогаш, Америка или ќе бега или ќе влезе во војна со Русија. Ако влезе во војна, тоа ќе биде крај на човештвото, крај во кој, како што ќе изјави Никита Хрушчов после Кубанската криза, „Живите ќе им завидуваат на мртвите“.
Сојузот на синдикатите на Македонија в среда ќе одржи јавна седница на органите и телата на ССМ и органите и телата на синдикатите здружени во ССМ, која ќе почне од пред Работнички дом во 12:05 часот. Учесниците ќе продолжат до Собранието, Стопанската комора и Владата каде ќе продолжи одржувањето на седницата од која ќе се упатат пораките „Не може да има за пратениците, а да нема за работниците!“, „Подадената рака на работникот денес, може лесно да стане стисната тупаница утре!“ и „Не може да се одлучува за нас, без нас!“.
Доналд Трамп ги повика своите врвни советници да заземат поагресивен став за царините додека неговата администрација се подготвува за голема ескалација на глобалната трговска војна што тој ја објави, објави Вашингтон пост, цитирајќи четири извори запознаени со ова прашање.
Затворениот турски опозициски лидер Екрем Имамоглу повика на единство и порача дека не се плаши.













